March 29, 2024, 11:59 am

Лукашенко: He caкaмe дa вojyвaвмe, нo пpeд никoгo нeмa дa пaднeмe нa кoлeнa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, изјави дека неговата земја е подготвена за дијалог со сите, но и дека е подготвена и има начин да одговори и на оние кои и се закануваат.

Не сакаме да војуваме, тоа не е нашата цел. Многу се боревме, ја знаеме цената на мирот, но не паѓаме на колена. Не можеме да го направиме тоа што го сакаат нашите противници. Ние се заштитуваме себеси, нашите семејства , деца, земја. Ние не сакаме ништо повеќе од тоа – изјави Лукашенко.

Претседателот додаде дека Минск е подготвен за фер, рамноправен дијалог и соработка со која било земја, но дека истовремено Белорусија има што да им одговори на оние сили кои „се обидуваат да покажат мускули на западните граници на Белорусија“.

Лукашенко кажа дека белоруската армија е подвижна, сосема добро опремена и способна да се спротивстави на современите предизвици и закани и дека дури и противниците признаваат дека таа е една од најсилните вооружени сили во регионот.

Белорусија го обвинува Западот дека е директно вмешан во ситуацијата во земјата, а Европската Унија, Велика Британија, САД, Канада и други земји воведоа санкции против белоруските власти и некои компании.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This