ЛУКСУЗНИ ВОЗИЛА НА ГРАД СКОПЈЕ ВО ШТАБ НА СДСМ: Два „Пасати“ и едно „Мондео“ на градот Скопје се развозуваат во кампањата на Пендаровски

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Три луксузни автомобили со кои располага администрацијата на градот Скопје, најверојатно се пуштени како кампањски возила за штабот на СДСМ и Стево Пендаровски, дознава „Инфомакс“

Два луксузни „Пасати“ и едно „Форд Мондео“ со кои располага градот Скопје ги нема во регистарот на службени автомобили на Државната комисија за cпpeчyвaњe на кopyпциja, а биле вклучени во кампањата на СДСМ и кандидатот за претседател Стево Пендаровски, дознава „Инфомакс“.

„Пасат“ со регистарски ознаки СК-7414-АИ, СК-8212-АИ и еден „Форд Мондео“ со регистарски ознаки СК-953-УИ, се трите службени возила кои се користат во кампањата на СДСМ и штабот на Пендаровски, а со истите располага градската администрација.

Истите не се заведени во регистарот на ДКСК, со кој од комисијата апеираа до јавноста да пpиjaвaт доколку некои од автомобилите на државните opгaни бидат забележани во кампања.

Регистарот со возила во државна служба можете да го прегледате ТУКА.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This