ЛУКСУЗОТ НА ДРЖАВНА СМЕТКА НА ШЕЌЕРИНСКА ПРОДОЛЖУВА: Министерството за одбрана ќе набавува алкохолни пијалоци, вино и пиво во вредност од 805.084.74 денари

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерството за одбрана  пред две недели распиша оглас за набавка на  алкохолни пијалоци, вино и пиво во вредност од 805.084.74 денари.  Ова е една од низата луксузни набавки кои ги врши врвот на министерството.

Како што може да се види од електронскиот систем за „Јавни набавки„ министерството за одбрана оваа година во септември изврши набавка на морски плодови во инос од 4.860.925,00 денари. Исто така многу често министерството се луксузира со нарачки на апетисани како фстаци, лешници, бадеми, ориви во вредност од 285.714,29 денари.

Додека врвот составен од неколку луѓе во министерство се луксузира со огромни суми на храна како морски плодови, апетисани и алкохол, воените лица  ја плаќаат цената. Во кумановската касарна. Повеќе од еден месец војниците се оставени да живеат во субстандардни услови без греање на ниските температури. Оваа цена ја платија и полициските службеници кои наместо да добијат нова и квалитетна опрема, добија стари и неквалитетни чизми од 1982 година.

Ова само покажува дека врхушката на оваа власт расипнички управува со министерството за одбрана додека се запоставени реалните потреби на службениците.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This