ЛУК ПЕРИ СИТЕ ПАРИ ИМ ГИ ОСТАВИЛ НА ДЕЦАТА: Свршеницата нема да добие ништо!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Откако минатата недела Лук Пери доживеал мoзoчeн удap, во понеделникот пoчинaл во болница. Покрај него, освен свршеницата и двете деца биле и бившата сопруга, мајката, очувот, братот, сестрата и други блиски пријатели…
Починатиот глумец и легендарниот Дилан од серијата „Беверли Хилс“, Лук Пери оставил тестамент. Како што пренесува британски Daily Mail,Пери би требало сиот свој имот да им го остави на децата – помладата ќерка Софија (18) и синот Џек (22) кои ги добил во првиот брак.
Она што ја зачудило јавноста е фактот дека глумецот наводно ништо не и оставил на својата свршеница Венди Медисон Бауер (44), терапевтка и бивша глумица.

Имено, Лук и Венди својата врска долго ја криеле од јавноста и не се појавувале често заедно, а молчеле дури и кога почнале шушкањата за нивната свршувачка. Како што пренесуваат странските медиуми, таа била покрај Пери во последните моменти на неговиот живот.
Да потсетиме, откако минатата недела Пери доживеал јак мoзoчeн удap, во понеделникот пoчинaл во болница.Покрај него, освен свршеницата и двете деца биле и бившата сопруга Мини Шарп, мајката Ен Бенет, очувот Стиви бенет, братот Том Пери, сестрата Еми Кодер и други блиски пријатели.

Cмpтта на глумецот кого го прославила бунтовната улога на Дилан МеКкеј во „Беверли Хилс 90210“ го погодила актерскиот свет, а неговите колеги се простуваат од него на социјалните мрежи.
Неутешна е и неговата колешка од серијата Шенон Доерти (47) која во „Беверли Хилс“ ја глумела Бренда Волш, а била негова добра пријателка и во приватниот живот.

“Вчета наутро примив повик кој ме скрши. Се мачам со овој губиток и тешко ми е со сопствените мисли. Но испраќам љубов на семејството и пријателите кои беа благословени со неговото светло во нивните (и мојот живот). Да се сфати ова што сега моментално се случува е невозможно“, напишала глумицата на социјалните мрежи и објавила фотографии со Пери.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This