ЛУНА ЃОГАНИ ПЕЕШЕ НА ПЛЕЈ БЕК ВО СТРУМИЦА И КАВАДРАЦИ: Еве колку пари заработи за 4 часа

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Победи во реланото шоу „Задруга 2“ ги собра парите, ама таму чесно и поштено си ги заработи. Како и во претходната, прва сезона на реалното шоу, кога обилно во живо практикуваше „секс на екс“… Прво со Слоба Радановиќ, а потоа и со Марко Миљковиќ. И додека таму се треса креветите и лулаа душеците под постелнината кога Луна имаше „настап пред камери“ кога е сексот во прашање, со пеењето работите стојат малку поинаку!

Имено, по теркот на својата претходничка Кија Коцкар – победничката од „Задруга 1“ и нејзина љубовна ривалка, на која и го превзеде сопругот ( спомеатиот Слоба) и Луна реши да стане пејачка и да прави естрадна кариера. Многумина го одобрија тој потег, велејќи дека и мајка и Анабела и татко и Гаги се естрадни лица, па логично е Луна да продолжи по нивниот пат.

Арно ама, генот по се изгледа не фатил корен кај ќерката. Луна ја сними првата песна „Деветтиот круг“ кај Дарко Димитров и тргна да бара тезги… Но никој во регионот не згриза на јадицата, освен наашите Македончиња. Клубовите во Струмица и Кавадарци беа тие кои се „испотепаа“ први да ја донесат „новата ѕвезда“ на гости кај нив, арно ама… Ѕвездата „исчуре“ пред и да блесне, иако Луна за настапите во Македонија, поточно за 4 часа заработила 8 000 евра, пренесуваат српските медиуми.

Но, наместо песни и пеење во живо, Луна на публиката и понуди чист плејбек! Отворање уста без да пушти глас! Ријалити ѕвездата не отпеала ниту една песна во живо, туку целиот нејзин настап бил на плејбек, а со тоа многумина разочарала, бидејќи публиката чекала да запее во живо. Од она што се слуша – ништо, ама затоа она што се гледа… е за машала!

„Ова е срамота“ – изјавил за белградските медиуми еден млад човек, кој присуствувал на еден од настапите на Луна во Македонија, додавајќи: „Одвреме – навреме, таа ќе и се обратеше на публиката и ќе не замолеше да пееме со неа, а таа всушност само ја отвораше устата и понекогаш потпевнуваше. Таа дури и не можеше да ја отпее својата песна во живо. Ма, на неа дури не и беше потребен микрофон!“

За нејзината шмиинка се погрижи македонскиот шминкер Зоки Давитков.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This