ЛУПЕВСКА РАЗОЧАРАНА: Веќе не е одговорен уредник во Телма поради несогласувања со главниот уредник Кировски

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Снежана Лупевска-Созен повеќе нема да ја извршува функцијата одговорен уредник на информативната програма на телевизијата Телма.

Како што дознава „Фактор“ на оваа позиција доаѓа Марија Дивитарова – Савановиќ, сегашна уредничка на вести во телевизијата.

Информацијата за Фактор ја потврди и главниот и одговорен уредник и директор на телевизија Телма, Атанас Кировски.Тој вели дека со Лупевска имале одредени несогласувања.

Едноставно, станува збор за наши несогласувања околу тоа кој треба да ги пишува најавите за прилозите што се емитуваат на вестите. Јас сметав дека тоа е најдобро да го прават новинарите, бидејќи тие најдобро знаат што е суштината на нивната сторија, а таа сметаше дека тоа треба да го прават уредниците на вести. Околу тоа и изби недоразбирањето, кое потоа ескалираше и затоа беше донесена оваа одлука“, вели Кировски.

Лупевска на својот фејсбук профил денеска како коментар го објави следниов пост.

„Успешен е оној човек кој умее да постави цврст темел од циглите кои другите ги фрлале на него. Дејвид Бринкли“.

 

Успешен е оној човек кој умее да постави цврст темел од циглите кои другите ги фрлале на негоДејвид Бринкли

Posted by Snezana Lupevska Sozen on Friday, January 10, 2020

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This