Луѓето сè уште се разболуваат 17 години по нападите на 9/11

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Многу жители и работници кои волонтирале, живееле или работеле во Долниот дел на Менхетн во деновите и месеци по нападите на 11 септември 2001 година се жалат на “зголемен број на различни видови болести”, според новиот извештај, објавен од страна на Компензациски фонд на жртвите од 9/11 (VCF).

Според извештајот, објавен во четвртокот, VCF веќе има доделено 3,6 милијарди долари на лица кои поднеле барања за помош по нападите од 11 септември, луѓе кои се наоѓале близу до кулите близначки и биле изложени на чад, отровна прашина и хемикалии.

Фондот откри дека над 19.000 лица имаат право на компензација поради нивната поврзаност со нападите од 11 септември.

Седумнаесет години по инцидентот, луѓето сé уште страдаат од болести сертифицирани од Здравствена програма за настаните со Светскиот Трговски Центар 9/11.
Тука спаѓаат тешки случаи на на хроничен бронхитис, синдром на реактивни болести на дишните патишта, гастроезофагеална рефлуксна болест, апнеја при спиење и синузитис и за голем дел од нив е потребна операција.

Проценката на здравствениот регистар е дека околу 410.000 луѓе, биле изложени на голем број токсини, вклучувајќи азбест за време на спасувачките напори, обновување и расчистување на по нападите на 9 септември. Луѓето најмногу се погодени од азбест на Ground Zero и тоа лицата кои биле задолжени за спасување на преживеаните.

Според Здравствената програма, повеќе од 37.000 лица имаат најмалку една здравствена состојба поврзана со нападите од 11 септември.

Нападите од 11 септември 2001 година на Светскиот трговски центар во Њујорк и зградата на Пентагон во Вашингтон оставија околу 3.000 лица загинати и предизвикаа околу 10 милијарди долари имотна и инфраструктурна штета.

Бројот на жртвите во 9/11 изнесуваше 2.977, вклучувајќи 343 пожарникари, 60 полицајци и странци од 92 земји.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This