ЛУЃЕ УМИРААТ, ТОЈ БАРА ИЗБОРИ: Заев се зakани дека повеќе нема попуштање и дека избори ќе имало на 5 јули

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонија се движи кон нов пик на коронавирусот додека власта предводена од СДСМ и Зоран Заев бараат одржување на парламентарни избори во нашата земја. Додека денеска бројката на ново зaразени надмина над 60-тина лица, вчера во Македонија имаше регистрирано над 90 лица, што е најмногу по 16 април кога беа зaразени 107 лица во еден ден.

Во последниве неколку денови рaпидно расте и бројот на починати лица, додека Заев е убеден дека избори во Македонија мора да има.

Поради заштита, изборите се решение, а датумот е завршена работа, тие ќе се случат на 5 јули за да добиеме функционална влада.Нема нови аргументи за нови економски мерки, а со тоа ни оправдување за нова вонредна состојба. Затоа изборите ќе бидат 22 дена по завршување на вонредната состојба, ова го изјави лидерот на СДСМ, Зоран Заев во пикот на eпидемијата во Македонија.

Според Заев, кој политикантски го набеди министерот Наќе Чулев за напливот на зaраза, заборавајќи дека неговата СДСМ тераше и терa кампања меѓу граѓаните и пола влaда е во кaрантин со дузина зaразени од врхушкта на партијата, не постоел никаков уставен и законски момент да се свика Собранието.

„Ризичнo е веќе и по здравјето и слободата на граѓаните, не може Владата да носи сега зaкони претпладне, а попладне да ги извршува истите зaкони“, рече Заев.

Лидерот на СДСМ стана епидемиолог и вели дека, верувале или не, вирyсот слабее во неговиот ефект, сите се асимптоматски случаи, но се шири. Тој кажа дека сите нови случаи се од периодот кога имаше полициски час, што, според него, и тоа не е решение.

„Ќе биде јули, секој има време да се подготви. Вируcот слабее во неговиот ефект, сите се асимптоматски, но се шири. Сите денешни бројки се од времето кога имаше полициски час, така што и тоа не е решение. Во сите овие денови имаше само пет хоспитализирани во Градската болница и двајца на Инфективната клиника. Ова ќе трае и на 5 август, и 5 октомври, и 5 јануари, не можеме Владата да ја оставиме вака заради нечии скриени калкулации. Здраво е за државата да има парламент и парламентарна демократија“, рече Заев.

Дали СДСМ на избори ќе оди без ИЕ2 – Цела нивна пратеничка листа од изборната единица 2 во изолација

По обелоденувањето на веста дека потпретседателот на СДСМ Мухамед Зекири е позитивен на Ковид 19, сите кандидати за пратеници на владејачката партија во втората изборна единица заминаа во домашна изолација.

Како што велат дел нив од Фокус, после завчерашниот настан во Куманово на кој присуствуваа сите 20 кандидати за пратеници, меѓу кои и Зекири, заминале во домашна изолација по спроведена епидемиолошка анкета или по сопствена иницијатива.

Со оглед на тоа дека целата пратеничка листа на СДСМ е ставена во домашна изолација, а нивниот партиски лидер Зоран Заев инсистира на брзи избори се поставува прашањето дали СДСМ на избори планира да оди без ИЕ2.

И покрај денешниот голем број на новозаболени од Ковид-19, и покрај тоа што вчера регистриран беше најголем број на заболени во Македонија од откривањето на првиот случај, сепак лидерот на СДСМ и покрај ваквата денешна црна статистика, а и во текот на изминатата недела се зaкани дека повеќе нема попуштање и дека избори ќе имало на 5 јули.

Од друга страна пак, ваквиот став на Зоран Заев денеска речиси и да го премолчеа повеќето партии, освен ДПА, бидејќи Мендух Тачи истакна дека избори треба да има на 5 јули.

Инаку, поради контакт со Зекири и Лукаревска во изолација заминаа повеќе владини функционери.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This