March 29, 2024, 12:15 pm

ЛУЃЕ ШТО СЕКОЈ ДЕН ГИ МЕНУВААТ СТАВОВИТЕ НЕ МОЖАТ ДА ВОДАТ ДРЖАВА: Ако не помнат што рекле вчера, како ќе ги исполнат ветувањата!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Силјановска Давкова истакна дека луѓе кои секој ден ги менуваат ставовите, луѓето кои и самите не знаат кои се, луѓе кои не помнат што зборувале не можат да бидат добри државници, ниту добри претседатели.

-Само они кои што знаат што кажале, само оние кои што се држат до светиот збор, само тие го почитуваат зборот, само тие кои што не само што мислат на Господа тука мислат и на клeтвата на народот, ќе ги исполнат сите ветувања. За жaл тие ги зaборавија, но ние ќе ги потсетиме како исполнувајќи ги ветувањата кон вас. Го имате мојот збор и држете ме за зборот, ако скршнaм од него јас сама ќе си заминам. Изборите се важни, не за јас да станам претседателка на оваа држава, мојот живот е успешен, во струката сум реализирана, меѓутоа многу пати велам ние морам да имаме одговор за прашањата на оние кои најмногу ги сакаме и ќе ги сакаме кога ќе не прашаат како што ние прашуваме зошто сте молчеле за Ченто, зошто сте молчеле за Шатев, зошто сте молчеле за Брашнаров, зошто не знаевме кој е Владимир Полежиновски секретарот на АСНОМ, доктор на правни науки на Сорбона, творец на декларацијата за слободите и правата на АСНОМ на која и се восхитуваат сите западни теоретичари.

Тоа нема да го дозволиме.

Ние отворено ќе кажеме дека ја превземаме одговорноста макар и да не се согласуваат со нас и да не убедуваат дека има нешто поважно од името, од идентитетот, од татковината. Нема. Честопати за да им покажам дека грeшат и дека ние сме во право, дека сме на патот на правдата цитирам славни личности. Секогаш сум се восхитувала на еден чуен драматург ирски Бернард Шо, можете ли да замислите во 19-тиот век тој вели дека јас сум либерал, кој што се бори за Ирска, Финска и за Македонија, на прашањето зошто, затоа што на овие народи им беше најтежок патот во добивањето на признание и сопствена држава, е тој човек вели дека се можете да смените во животот ама само татковина не може да смените. Татковина без химна и идентитет нема.Го имате мојот човечки и женски збор, моето ветување, нашата женска интуиција дека побeдата на претседателските избори значи отворање демократски порти за нова парламентарна коалиција создадена врз основа на предвремени парламентарни избори, реле таа.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This