Лaжирани тестови за 40 евра на границата меѓу Бугарија и Грција

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во пограничното подрачје меѓу Грција и Бугарија се појавиле лaжни резултати од тестови за новата болeст, кои се продаваат по цена од 30 до 40 евра, јави грчката телевизија „Мега“.

Според телевизијата, интензивната контрола извршена во Промахонас во последните неколку дена покажала дека постои група која продава лажирани потврди за туристи кои сакаат да ја преминат границата.

Имено, станува збор за потврди кои се продаваат и кои покажуваат негативни резултати од тестот за болеста, со што се создава лажна слика за тоа какви туристи влегуваат во земјиве.

Како што јавуваат грчките медиуми се работи за документи од неофицијални лаборатории каде името на пациентот се менува за парична надомест.

Ваквите фалсификувани тестови биле откриени од полицијата, а поради ваквата ситуација решено е од следната среда да бидат прифаќани само тестови од 100 референтни лаборатории на Балканот.

Портпаролот на грчката влада Стелиос Пецас вчера, најавувајќи ги новите мерки рече дека кај Промахонас детално ќе бидат проверени тестовите што покажуваат негативни резултати и дека во случај на лажни тестови ќе бидат пропишани санкции.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This