April 19, 2024, 12:10 pm

Лeгeндapнaтa „Hивa“:Oбjaвeнo нoвo имe и цeни зa двe вepзии oд пoзнaтиoт Pyски тeрeнeц

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Лада“ почна да продава две верзии од моделот „Нива“, класична и нова верзија што порано ја продаваше под брендот на „Шевролет“. Додека модерната верзија уште од порано го доби името „Нива Травел“ класичната „Нива“ сега исто има ново име, како што заслужува; „Легенд“.

Легендарната верзија од „Нива“ не доби само ново име, туку и нови отвори за вентилација во задниот дел од кабината, а и значително е намалена буката во кабината, пишува колеса.ру.

На официјалниот веб-сајт на „Лада“ објавени се и цените за двете верзии од овој теренец.

Цената на „Нива Легенд“ со три врати е од 5,800 до 6,700 евра, во зависност од опремата, додека цената на моделот со пет врати се движи од 6,200 до 7,000 евра.

Основната верзија од „Нива травел“ ќе биде со цени од 7,300 до 8,600 евра, а специјалната верзија „Нива Травел Офроуд“ ќе има цена од 8,200 до 8,700 евра.

Сите верзии го користат истиот 1,7л бензиски мотор со 83 коњски сили.

Во основната верзија на „Нива Травел“ доаѓа погон на сите четри тркала,АБС,ЕБД, воздушно перниче за шоферот,борд компјутер,имобилајзер, серво волан со подесување на висина, централно заклучување,електрични предни прозорци и електрични ретровизори со грејачи.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This