Лoши вести од Изpaeл: Двајца лекapи вakцинирани со три дози Фајзер се зapaзиле со новиот сој омикpoн

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Се поставува прашањето дали три дози од вакцината против Ковид не се доволни за да се спречи преносот на новата варијанта Омикрон, доколку се верува на објавите на израелските медиумите.

„Израел сега пријавува пренос на Омикрон од кардиолог вакциниран со 3 дози на друг кардиолог вакциниран со 3 дози“, објави агрегатор а вести на социјалните мрежи.

Веста на репортерот беше заснована на извештајот на израелската новинска агенција Кан њуз, која објави на Твитер предупредување во понеделникот за пренос на Омикрон помеѓу 70-годишен кардиолог и друг лекар во болницата Шеба.

Двајца лекари биле позитивни на варијантата Омикрон КОВИД-19, објави во вторникот Медицинскиот центар Шеба, удвојувајќи го бројот на познати случаи на новиот вид на вирус во Израел.

И двајцата лекари работат во болницата надвор од Тел Авив, а еден од нив неодамна се вратил од конференција во Лондон. Тој лекар потоа дошол во близок контакт со негов колега, најверојатно заразувајќи го, велат од болницата истакнувајќи дека и двајцата примиле три дози од вакцината против Ковид-19 на Фајзер и имале само благи симптоми, пренесува Тајмс оф Израел.

Ова се случува и покрај тоа што министерот за здравство Ницан Хоровиц рече дека раните податоци покажуваат дека оние кои имаат три дози од вакцината против Ковид на Фајзер се добро заштитени од новата варијанта Омикрон.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This