April 23, 2024, 11:56 pm

Лoши peзултати: БДП во пpвoтo тримeceчje во минyc 1,9 проценти

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Растот на бруто-домашниот производ (БДП) во првото тримесечје од годинава е во минус 1,9 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

Во првото тримесечје од 2021 година, пораст е забележан во секторите: Градежништво од 1.7 %, Дејности во врска со недвижен имот од 0.5 % и Земјоделство, шумарство и рибарство од 0.3 %.

Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во првото тримесечје од 2021 година, номинално расте за 1.8 %, а нејзиното учество во структурата на брутодомашниот производ изнесува 65.5 %.

Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за 18.3 %, а увозот на стоки и на услуги забележа зголемување во номинален износ од 11.2 %.

Бруто-инвестициите во првото тримесечје од 2021 година бележат опаѓање во делот на промената на залихи.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This