April 25, 2024, 12:27 pm

Лyдилoтo пoпoлeкa зaвpшyвa: Kaмиoнитe пoчнaa дa ги пoминyвaaт кoнтpoлнитe пyнктoви вo Довер

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Камионите почнаа да ги поминуваат контролните пунктови во англиското пристаниште Довер и преку Ла Манш кон француското пристаниште Кале откако Франција делумно ги отвори своите граници со Велика Британија од страв од брзо ширење на новата верзија на коронавирусот.

Камионите тргнаа кон траектите и возовите што ја поврзуваат Велика Британија со Франција, додека властите проверуваат дали возачите имаат негативни тестови за коронавирусот.

Сепак, илјадници возачи на камиони и патници останаа во Довер на Бадник, бидејќи тестовите за вирусот, кои сега ги бара Франција, бавно се испорачуваат.

Како што пренесуваат локалните медиуми, од француска страна, пристаништето Кале, кое вообичаено прима до 4.000 камиони дневно, е потивко од вообичаено.

Портпаролката на пристаништето Довер изјави дека пристигнале помалку од 100 камиони, поради ограничувањата за тестирање, а властите предупредуваат дека остатокот од камионите може да пристигнуваат со денови.

Француската амбасадорка Кетрин Колон рече дека околу 20 француски пожарникари биле испратени во Довер за да однесат 10.000 тестови за на возачите кои сакаат да се вратат дома за Божик.

Британскиот министер за транспорт Грант Шапс изјави дека британските и француските власти се согласиле да ја држат отворена границата меѓу двете земји за време на Божик за да им помогнат на возачите на камиони и патниците да се вратат дома. 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This