МААК ГО ПОВИКАА ИВАНОВ ДА ПОБАРА НЕУТРАЛНОСТ ВО ОН: Соседите се вооружуваат за се поизвесниот српско-косовски конфликт, Македонија мора да остане надвор од тоа сценарио!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Следејќи го внимателно се позасиленото вооружување на нашите соседи,донацијата од 300 тенкови од страна на НАТО за својата земја членка,Албанија,кои треба да завршат како сопственост на армијата во формирање на Косово,од една страна и,донациите и набавката на воени авиони и хеликоптери,кои ги реализира Република Србија,од друга страна,за МААК е повеќе од јасно дека забрзано се оди кон конечна разврска на косовското прашање – стои во соопштението на политичката партија МААК

Имено, под маса се веќе ставени двете опции – северниот дел на Косово да се припои кон Република Србија, или да биде етнички исчистено од преостанатите Срби,па Косово да стане етнички чиста албанска држава. Ваквите опции многу скоро може да доведат до војна со крвави,несогледливи последици. Војна, пак, која своето продолжение, исто како и пред 17 години, со прелевање на вооружени сили од Косово, ќе го има во Република Македонија.

Токму затоа, за МААК, се позасилените про и анти НАТО и про и анти руски пропаганди, не значат определба за евроатлантски или евроазиски интеграции,а најмалку значат определба за македонските национални и државни интереси. И едните и другите,во својата суштина се длабоко антимакедонски и, единствено значат определба за Србија или за Косово. Токму таквите пропаганди треба да отворат пат за “фрлање” на Република Македонија на линијата на огнот и прелевање на воените дејствија од Косово во Македонија, заради нејзина поделба,што ќе биде вовед во нова балканска војна.

МААК јасно и укажува на целокупната македонска јавност, но и на политичките партии во РМ дека заземањето страна во однос на НАТО и Руската Федерација во овој момент, значи заземање страна во се поизвесниот српско – косовски конфликт,со катастрофални последици за Република Македонија.
МААК го повикува претседателот на Република Македонија, господинот Ѓорге Иванов, да испрати најитно барање до земјите постојани членки на Советот за безбедност при ООН, за доделување статус на меѓународноправна неутралност на РМ, со гаранции и покровителство токму на Советот за безбедност, како единствен начин да се спречи новата балканска војна која е на повидок.

Конечно, МААК ги повикува сите политички партии и поединци во Република Македонија, да престанат да дуваат во воените труби,заземајќи страна за и против,зашто заземаат страна за туѓи интереси, бидејќи без разлика на која страна ќе се определиме,во евентуален воен конфликт,жртви ќе бидат нашите деца.

Национален комитет на МААК
Претседател
Страшо Ангеловски

14 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This