МАГАШ СВЕДОЧИ ЗА КРИМИНАЛИТЕ НА СДСМ, ЦРВЕНКОВСКИ И ФРЧКОВСКИ: Фрчкоски како министер учествуваше во шверцот на нафта и цигари

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Љубомир Магаш, еден од непосредните учесници во српското криминално подземје сведочи за криминалните активности кои се одвивале на Балканот како и за начинот на кој се одвивал организираниот криминал. Тој е еден од личностите кој бил вклулен во фамозниот шверц на нафта и цигари отривајчи ги деталите за улогата на македонската влада предводена од СДСМ и Црвенковски. Тој е дециден дека само наивен би сметал дека таков шверц е можен без поддршка од државата. Љубомир Фрчковски е тогашен министер за внатрешни работи и еден од вклучените во организираниот криминал.

magas-frle640

Беше донесена одлука или, поконкретно, нашите соработници од Бугарија рекоа дека треба да се почестат одредени господа во Македонија поради непречениот шверц. Тие двајца беа Црвенковски и Фрчковски, кои добија два автомобила „мерцедес С600“ или, популарно наречени, „слонови“, кои беа најдобри автомобили во тоа време. Возилата беа крадени, но со средена документација и беа легални, бидејќи нивните близнаци беа пратени во Саудиска Арабија. Што направиле Црвенковски и Фрчковски со автомобилите, дали ги подариле некому, дали ги продале, не знам – вели Магаш.

Тој сведочи и за репонзивноста на Фрчковски кога станувал збор за непречениот шверц и дека освен нафтата се шверцувале и цигари кои биле дел од ланецот организиран од Милошевиќ.

…Ми се јави Фрчкоски и ми рече дека нафтата вечерва не може да помине од одредени причини. Веднаш му се јавив на Драган Стошиќ, ексдиректорот на „Симпо“ од Врање, кој беше врската меѓу мене и Македонците. Му објаснив дека ме чекаат во Србија и дека ќе се посомневаат ако пратката задоцни. Ми одговори „не се секирај, пратката утре ќе помине оти вечерва треба да пројде пратка со цигари“. Прашав „ кои бе цигари, кој е поважен од нас во оваа работа“, а тој ми вели „цигарите на Марко Милошевиќ“ – раскажува Магаш.

Тендерски постапки во МВР во време на Фрчковски

Освен шверцот, во игра се и криминални тендери. Во МВР под Фрчковски и СДСМ се случуваат набавки во кои постојано се споменува едно име на компанија од која за милионски суми долари се набавени преку 300 автомобили и возила, илјадници резервни делови, потоа компјутерска опрема, но и уметнички слики и друга галантерија за канцелариите во министерството. За владеењето на Фрчковски со МВР, останува и набавките на парадни коњи- Липицанери, потоа очила за сонце Реј-Бан и други трошоци.

Сопственикот на компанијата, пак е пријател со тогашниот министер од училишните денови, а кај него работат и роднини на министерот.

Генерациите и од тогаш и сега се прашуваат колку ќе ја сменеше сликата за Македонија доколку сериозно се земеа предвид сведочењата на Петрит Аме, кој при полициска истрага го одврзува јазолот меѓу криминалот и власта, поврзаноста на одлевањето милионски суми во џебовите на луѓе во и околината на СДСМ, луѓе директно вклучени во власта. Колку навистина тежеле зделките лицата кои ги открива Аме како дел од тимот на тогашниот премиер Бранко Црвенковски за кршење на ембаргото кон СРЈ 1992, како Јован Андонов, Зоре Темелковски, Данчо Шутурков, Илија Иловски, Димитар Бузлевски, Љубомир Фрчкоски, Златко Соколиќ,, Ванчо Лазаров и други поранешни функционери на СДСМ, директори и бизнисмени што учествувале во организираниот криминал. Луѓе кои биле на министерски функции и кои управувале со најважните сектори во државата.

Фрчковски е еден од најактивните луѓе на СДСМ во сите криминални афери од незавиноста и потоа. Денес и покрај ваквите големи афери,и фатпт што е лустиран кодош,  тој непречено сака да се престави како независен интелектуалец, и експерт по однос на повече прашања.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This