МАГЛА КОН ВЕЛЕС И ТЕТОВО: Утринска состојба на патиштата низ Македонија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Магла на патни правци, сообраќај по влажни коловози во зимски услови. Ова е состојбата на патиштата утринава

cistenje-sneg

 

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по наместа влжани коловози.Појава на магла со видливост од 50 до 100м. има на патниот правец Велес-Катланово и Тетово.

Во клисурите и засеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – М.Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово-Дебар-Струга, Д.Капија – Удово, Катланово-Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен-Буково.

ПРЕКИН НА СООБРАЌАЈ: Патниот правец Скопје-Македонски Брод преку ЈПУЗПП ЈАСЕН е непрооден.

ЗИМСКА ОПРЕМА: Од 15-ти Ноември на сила стапи законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 Март 2017 година.

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This