МАГНЕТИ СО ЛИКОТ НА ХИTЛEP НАЈПРОДАВАНИ ВО СТАРА ЧАРШИЈА: На само неколку метри од Музејот на холокаycтот магнетите се подаваат како алва

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Магнети со ликот на Хитлер на големо се продаваат на тезги во Старата скопска чаршија, во непосредна близина на Музејот на холокаустот. Меѓу изложените сувенири купувачите имаат шанса да си изберат и магнети со ликовите на Мајка Тереза, Александар Македонски, Тито и Сталин. Меѓутоа, продавачите велат дека најбарани се магнетите со ликот на Хитлер, пренесува Независен.

Инаку, изминатиов период Музејот на холокаустот во неколку наврати реагирал до продавачите, за тоа дека се глорифицира деструктивна идеологија во светски рамки, во која загинаа над 50 милиони луѓе, меѓу кои шест милиони Евреи. И покрај реакциите, продажбата на магнети со ликот на Хитлер продолжува.

Еврејската заедница во Македонија лани поднесе иницијатива до Министерството за правда да се смени Кривичниот закон со кој ќе биде санкционирано глорифицирањето на национал-социјализмот и употребата на неговите симболи во кои ќе биде пенализирано и негирањето на холокаустот и ширењето на антисемитизмот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This