МАГНЕТНИОТ ПОЛ СЕ ДВИЖИ КОН РУСИЈА: Еве како овој феномен ќе влијае на вас!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Неодамна, научниците од Националната океанска и атмосферска служба на САД и британскиот геолошки истражувачки центар ги ажурираа координтите на магнетните полови при што забележаа дека половите постепено се придвижуваат од канадскиот Арктик кон руската Сиберија со брзина од над 55км годишно, за разлика од 2000тата кога се придвижуваа со брзина од 15км годишно.

Промената на магнетните полови најмногу влијае на навигационите системи кои работат со магнетни компаси. Модерните смарт телефони, возила, бродови и авиони се поврзани со сателитски навигациони системи ккако ГПС и ГЛОНАС нема да бида засегнати од промените.

Навигационите системи со магнетни компаси или магнетометрите се користат за одредување на точна проценка на насоката на телефонот, возилото, бродот или авионот со одредување на разликата меѓу север и насоката што ја покажува компасот. Ако очекуваната локација на магнетниот пол е погрешна навигационата опрема ќе потфрли.

Поради тоа е особено важно неодамнешното ажурирање на положбата на половите и прецизно определување на нивната нова положба.

Пресметувањето на движењето на половите е особено важно во пределите што се наоѓаат над 55тата паралела, односно северните делови на Канада, Скандинавија и поголем дел од Русија.

Британскиот геофизичар Циаран Беган вели дека цивилното население нема да забележи разлика, освен ако не се длабоко во Арктикот.

Но затоа пак, вojcката, комерцијалните летови, спасувачките бродови и авиони, НАСА, и други агенции и групи кој се потпираат на високата прецизноста на навигационите системи ќе имаат корист од неодамнешното ажурирање.

Со тек на времето, особено доколку дојде до промена на поларитетот на земјата и половите си ги заменат местата, ќе бидат засегнати птиците, животните како и морскиот свет кој се ориентира според положбата на магнетните полови.

Како и да е магнетните полови нема да си ги заменат местата наскоро. Дури и ако дојде до тоа најголем број од научниците сметаат дека нема да има катастрофални масовни изумирања на живиот свет, иако може да се очекува птици да паѓаат од небото или да умрат поголем број на риби.

Посериозна последица која може да се очекува од замената на магнетните полови е забрзано движење на северниот пол, што може да доведе до ослабување на озонската обвивка и изложување на земјата на потенцијално смртоносни сончеви зраци и и космичка зрачења. Ова ќе го зголеми бројот на заболени од рак и ќеја оштети  инфраструктурата, а пред се енергетски мрежи.

Како и да е и доколку дојде до замена на положбата на половите, научниците сметааат дека таа промена ќе се случува многу бавно, во период од илјадници години. Ова можеби ќе да с еублажат ефектите на феноменот

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This