МАЖ ДОПИРАЛ ДЕВОЈКА ПО ЗАДНИКОТ И БУТОВИТЕ:Кога го одбила, ѝ скршил шише од глава

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

19-годишната Софи Јохансон преживеала вистинска драма во ноќен клуб во Малме. Тинејџерката излегла да се забавува, не помислувајќи дека ќе биде жртва на брутален напад на маж, кој прво сексуално ја нападнал, а кога го одбила, ја удрил со шише во глава.

Софи во шведските медиуми ги објаснила деталите од инцидентот. Како што рекла, во еден момент ги почувствувала рацете на непознатиот маж на задникот додека играла на подиумот. Побарала од него да престане да ја напаѓа, кога тој, во налет на бес, ја удрил со бокс во лицето, пишува dailymail

Бидејќи не сакала ситуацијата да ескалира, се свртела и со својата пријателка тргнала да излезе од клубот, кога тој скршил стаклено шише од нејзината глава.

“Мислев дека низ моето лице тече алкохолот од шишето, но тогаш пријателката ми кажа дека е крв. Бев во шок”, вели таа.

Отишла во болница каде лекарите ги зашиле раните на главата, а полицијата земала изјава.

Фотографиите од крвавото лице и маицата извалкана од крв брзо почнале да се шират на социјалните мрежи, а шведската јавност остро го осудила нападот.

Сепак, неколку дена подоцна, уследил шок – полицијата ја сопрела истрагата поради недостиг на докази со кои би можела да го идентификува напаѓачот. Самата Софи рекла дека бил висок околу 177 сантиметри, дека имал темна коса и верува дека е во средните 20-ти години.

“Се надеваме дека некој нешто видел, дека го видел инцидентот. Ако да, повторно ќе отвориме истрага”, рекол Нилс Норлинг, портпарол на полицијата во Малме.

Во клубот “Бабел”, каде се случил нападот, и порано имало инциденти. Најпознат е бомбашкиот напад на почетокот на ноември 2017-тата година, кога силна експлозија ја разнела вратата од клубот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This