April 24, 2024, 11:00 pm

МАКЕДОНЕЦ ИЗМАМИЛ РАБОТНИЦИ ОД СРБИЈА : Лажно се представил и ги пратил со автобус во Чешка!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Група на српски работници кои на 22. февруари тргнала кон Чешка бидејќи им била ветена работа. Сепак работите не тргнале како што замислувале. Луѓето биле измамени од човекот кој им ја понудил работата и биле оставени на улица. По 24 часа изминати на улица, исцрпени и преморени групата тргнала накај Белград.
Имено човекот кој се представувал како Александар Симиќ им понудил работа во Чешка, за дури и пред да тргнат да ги измами и да ги остави на цедило. При влезот во автобусот сите морале да потпишат согласност за добиввање на работа „ манипулативен оператор во Фабрика Континентал Аутомотив с.р.о Чешка“.

„Изјавувам дека сум запознаен и се согласувам со доле наведените членови за својот ангажман за работа во фабрика. Условите се следни: саатница 108 czk ( 4.2 евра), топол оброк 82 czk (3.2 евра), за работа во сабота плус 50% од час. Смештај бесплатен. Притоа изјавувам дека своеволно го плаќам патот од Белград до Чешка во износ од 50 евра“ – ја објави својата согласност една од измамените работнички Душанка Ковачевиќ.

Покрај 50 евра, сите патници на Александар му дале по 100 или 200 динари за осигурување, за да го избегнат вадењето на куферите на граница, барем така тврдел измамникот.

Бидејќи им било чудно ова на луѓето, пред да тргнат го снимиле Александар како им зема пари.Откако им земал пари на сите, тој искочил од автобусот и им рекол дека ќе оди да собере уште двајца патници, и дека он ќе патува со нив со кола позади автобусот.

– Автобусот ни се расипа недалеку од границата, па поради тоа малку касневме. Сепак стигнавме на граница, а Александар не беше таму – изјави Душанка Ковачевиќ.

Автобусот продолжил накај Чешка, а возачот им кажал на патниците дека Александар го контактирал и дека треба да се најдат на одредена локација. Сепак кога автобусот стигнал на договореното место, Александар не бил на договореното место и неговиот број не бил достапен за никого. За ситуацијата да биде полоша, возачите по доаѓањето во градчето Френштат морале да направат пауза од 9 часа, па побарале од патниците да го напуштат автобусот. Бидејќи не сакале, возачите ги оставиле патниците во автобусот и отишле во ресторан.

Бидејќи немале пари за гориво возачите им рекле дека нема да можат да ги вратат во Србија, што кај патниците настанала голема паника, бидејќи немале каде да преноќат.

Сепак луѓето добиле пари од своите сограѓани кои работат во Чешка за да се вратат во Србија. И еден детаљ пријатно ги изненадил измамените луѓе додека биле во Чешка.

– Не посети заменик градоначалникот на Фернштат. Ни донесе храна, вода и малку овошје. Заслужува голема пофалба – изјави Душанка.

Александар е всушност Владимир Г и ова е само една од преварите. Александар Симиќ е македонец кој се вика Владимир, кој користи често лажни имиња за да ги измами луѓето.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This