Македонец и Русин ocyдeни вo САД зa кoмпjyтepcки kpиминaл

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

САД осудија Русин и Македонец на затворска казна за учество во голема операција со компјутерски криминал.

Сергеј Медведев, 33, од Русија и Марко Леопард, 31, од Македонија, се осудени на десет и пет години, според соопштението на Министерството за правда. И двајцата претходно се изјаснија за виновни за криминален заговор пред федералниот суд во Невада.

Медведев кој беше уапсен во Тајланд во 2018 година, беше ко-основач на „Организацијата за измама“, пазар за фалсификувани документи, украдени информации за банкарски и кредитни сметки и за лична идентификација“, соопштија властите.

Под слоганот „Во измама веруваме“ мрежата – која имаше над 10.000 членови на својот врв – беше едно од најдобрите места за купување украдени информации, што доведе до штети од над 568 милиони долари.

Леопард се приклучил на мрежата во 2011 година и бил домаќин на веб-страници за членови на оваа злосторничка организација кои сакале да продаваат нелегална стока и услуги преку интернет, соопштија властите.

„Денешните казни треба да послужат како предупредување за секој веб-домаќин кој доброволно гледа на  разните начини за брзо заработување на пари, со порала дека  Соединетите држави ќе ги повикаат на одговорност овие лоши актери, дури и кога работат зад компјутерскиот екран на одалеченост од половина свет“, рече помошникот јавен обвинител Николас МекКваид.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This