МАКЕДОНЕЦ ПРЕЖИВЕА ТЕШКА СООБРАЌАЈКА ВО ГЕРМАНИЈА: Камионџија од Македонија со тешки повреди по тешка сообраќајка во Нордхаузен

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Четириесетгодишен возач од Македонија добил сериозни повреди и завршил во болница во германскиот град Нордхаузен по тешка сообраќајна несреќа со својот камион вчера попладне на автопатот А38 меѓу Херинген и Берга во правец кон Лајпциг.

Камионот со кочански регистарски таблички, натоварен со буриња со течен лепак, излетал од коловозот, се првртел настрана и се запалил, а лепакот се разлеал по коловозот. Огнот ја зафатил и сувата трева покрај автопатот, а во неговото гасење заедно со запалениот камион учествувале противпожарни возила и два хеликоптери.Облакот од чад бил видлив километри подалеку од местото на несреќата..

Проценките на властите се дека за санирање на автопатската делница ќе бидат потребни неколку дена, а штетата е голема и дополнително ќе се утврдува.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This