МАКЕДОНЕЦ СЕ ЗАНИМАВА СО БЛАГОРОДНА РАБОТА:Од природни материјали изработува украсни црквички, фотографии и икони!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Робертино Илиоски од Прилеп од пред извесно време се занимава со една благородна работа. Со помош на природни материјали изработува украсни црквички, фотографии и икони, а сето тоа на огромно задоволство на многумина кои сакаат еден таков украс во својот двор или пак имаат желба да подарат уникатен поклон на своите сакани.

“Љубовта кон природните материјали ме натера слободното време да го претворам во креативно време. Така пред околу две години започнав со изработка на макети на црквичина, манастири и стари селски куќи.

Самата изработка претставува предизвик, но огромната љубов за творење на нешто ново и уникатно е најголем мотив за да се занимавам токму со ова. Во почетокот беше само хоби, но веќе со првите неколку изработки голем број на луѓе сакаа да имаат токму вакви украси за себе, па започнав со изработка и на макети по порачка”, вели Робертино.

Илиоски раскажа и за што најчесто луѓето ги купуваат овие уникатни украси и кои од нив се најбарани…

“Најчесто луѓето ги порачуваат за декорација на нивните градини, бидејќи навистина претставуваат убав и несекојдневен украс во сечија градина.

Времето на изработка зависи од големината на тоа што се изработува, но минимално потребно време е околу 10 дена.
Најбарани се оние предмети чијашто изработка е од камен, бидејќи каменот некако најубаво се вклопува во тој надворешен амбиент, но постојат и други варијанти каде што се комбинира со абрип, дрво, лим и слично.

Пример за таква комбинација на дрво и камен се автентичните македонски селски куќарки, кои се почесто ги бараат луѓето. Интересот е голем, а тука секако помага и фејсбукот кој претставува најдобра реклама и промоција на она што се изработува”, вели Робертино.

“Сите досегашни и идни проекти може да се видат на ФБ страната – Илиоски АТЕЉЕ декоративни рачно изработени цркви, слики и предмети.

Најново нешто што се изработува во последните 3-4 месеци се слики и икони со специјална техника, кои се изработуваат на парче дрво. Ваква изработка е многу ретка, можеби единствена во Македонија, за што сум особено горд.

Примамливата цена им дозволува на луѓето да ги порачаат за себе, но и како уникатен поклон. Во зависност од желбата сликите и иконите можат да бидат во разни димензии и модели”, додаде Илиоски.

Извор:скопје24

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This