МАКЕДОНИСТИТЕ БАРААТ ПОВЛЕКУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ДВОЈАЗИЧНОСТ: Институтот за македонски јазик бара целосно повлекување на предлог-законот за употреба на јазиците!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вкупно 17 професори од научниот совет на Институтот за македонски јазик „Крсте Петков Мисирков“ до три собраниски комисии и до Министерството за правда доставија заеднички став во врска со Законот за употреба на јазиците, кој е во собраниска процедура.

Во ставот пишува дека Охридскиот рамковен договор во делот на употребата на јазците е во целост почитуван и дека со предлог-законот се излегува од тој договор, а повлекува и промена на Уставот на РМ. Професорите пишуваат дека другите помали етнички заедници се ставаат во нерамноправна положба со албанскиот јазик, кој се изделува како таков со процентуалниот опфат.

 

Во ставот на Институтот пишува дека со овој предлог-закон во меѓународна употреба, освен македонскиот јазик, како досега, ќе се користи и албанскиот. Една од точките во ставот наведува дека се бара двојазничност на целата територија, а во две третини од земјата не живеат Албанци. Во текстот пишува дека деловите од предлог-законот кои се однесуваат на книжните пари и монетите, униформите на полицијата и противпожарната служба и здравството, воопшто не треба да бидат регулирани со овој предлог-закон.

Во образложението се бара целосно повлекување на предлог-законот за употреба на јазиците, како и вклучување на сите релевантни државни субјекти во една поширока анализа и дебата во согласност со законите и Уставот на РМ.

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This