- Advertisement -

Капитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров нема да настапи на контролниот натпревар против Русија.

Тој и се приклучи на репрезентацијата, која под водство на Раул Гонзалез ќе ја искористи ЕХФ неделата за подготовка пред мундијалскиот бараж со Романија за пласман на СП во Данска и Германија.

Капитенот ќе биде дел од тренинзите, но нема да настапи во сабота против Русија.

Изземањето на Лазаров од овој натпревар доаѓа по барање на неговиот клуб Нант.

Францускиот клуб ќе игра во четвртфиналето на Лигата на шампионите против Скјерн, а Лазаров неодамна се врати на терен по повредата