МАКЕДОНИЈА БИЛА, Е И ЌЕ БИДЕ ГРЧКА: Македонците од Егејска Македонија бараат реакција од Македонските власти!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонија била, е и ќе остане грчка изјави вчера во Воден грчкиот претседател Прокопис Павлопулос и им се закани на македонските власти дека со иредентистички тврдења нема да се приклучат кон ЕУ, бидејќи ги кршат европските принципи. На ова, барем засега, никој од македонската власт не реагираше.

pavlopulos

Се јави само Јоргос Пападакис, претставник на македонската партија во Грцијан Виножито, членка на Европската слободна алијанса (ЕФА). Тој ги повика министерот за надворешни работи Никола Попоски, пратеникот Антонио Милошоски, македонскиот амбасадор во Атина Дарко Ангелов и амбасадорот Андреј Лепавцов во Брисел некако да реагираат. „Ќе реагира ли Македонија на изјавата на Павлопулос?“, праша Пападакис. И сѐ уште чека.papadakis

Поранешниот македонски амбасадор во Грција Љупчо Арсовски на Фејсбук искоментира: „Антонио Милошоски ти барем стави лајк на отвореното прашање на Пападакис, останатите мудро молчат… го чекаме ПРМ“.

Павлопулос во Воден изјави дека Македонија ги крши европските закони, па не може да смета на евроинтеграција, зашто, како што вели, „не ги задоволува дури ни европските институционални принципи“.

И пред една година само ЕФА и Виножито реагираа на слична ваква изјава на грчкиот претседател.

ЕФА е асоцијација на малцинските партии од целиот европски континент и е претставена во Европскиот парламент. Пападакис е шеф на одделот за комуникации во ЕФА.

МКД.мк

6 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This