April 18, 2024, 11:21 am

Македонија вечер го игра првиот натпревар на Cветското првенство во paкомет

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По ремито и поразот во претходните дуели, ракометната репрезентација на Македонија се надева на прва победа над Шведска вечерва од 20:30 часот на стартот од 27. Светско првенство во Египет.

На Европското првенство 2012 во Србија беше нерешено 26:26, а на квалификацискиот турнир во Гетеберог за Олимписките игри таа година во Лондон славеа Швеѓаните со 27:23.

Капитенот Кирил Лазаров очекува отсуството на девет репрезентативци на Шведска поради коронавирусот да помогне во желбата да се изненади фаворитот.

„Немаме информации за противникот, дури кога се качивме во авион видовме дека им недостигаат повеќе ракометари. Тоа е нашата шанса, иако Шведска секогаш е Шведска во светскиот ракомет, земја со богата историја и традиција. Сепак, во ракометот се можни изненадувања и ние веруваме дека можеме да приредиме едно вечерва“, изјави десниот бек на „црвено-жолтите“.

Во другиот натпревар од групата Ц домаќинот Египет на отворањето синоќа славеше против Чиле со 35:29.

Трите најдобри селекции од групата ќе продолжат во групата од втората фаза.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This