МАКЕДОНИЈА ВЕЌЕ НЕМА ИДНИНА: Заев ја саботираше геостратешката улога на Македонија во мултиполарниот свет!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Русија и Кина се претпазливи поради тоа што нивните мултиполарни Балкански мегапроекти транзитираат низ земја по се изгледа дека ќе заврши како внатрешно поделена или уште полошо, размислуваат за нови рути на нивниот планиран коридор преку Бугарија.

Постои огромна надеж дека земјата која нема излез на мора во централен Балкан, Македонија ќе стане „копнен сврзник“ како една од најбитните транзитни земји во мултиполарните мегапроекти на Русија и Кина како „Балканскиот поток“ и „Балканскиот пат на свилата“, но овие надежи се под сериозна закана од последните вести од инфраструктурата кои доаѓаат од регионот.

Како одговор на спроведувањето во сенка на „Тиранската платформа“ од страна на Заев, која диспропорционално ги зголемува правата на Албанското малцинство во земјата и се движи кон де-факто внатрешна поделба (федерализација) на Македонија, која се пропагира под уцената за хибридна војна поттикната од албанските екстремистички структури, што пак ги води Русија и Кина да ги рерутираат нивните Балкански мегапроекти кон Бугарија со цел да се избегне зоната на нестабилност како би се зачувала безбедноста на нивните инвестиции.

Засега нитшо не е официјално, но веќе се забележува дека двете големи сили бараат начин да ја диверзифицираат нивната претходно скроена стратегија за Македонија како нивен примарен транзитен партнер кон срцето на Европа. Земете го за пример Рускиот министер за енергетика Алексанадр Новак кој на крајот на август изјави дека интересот на неговата земја е во продажбата на гасот од Турски поток на Бугарија, кој пак може да поминува низ планираната рута Грција-Бугарија, или пак директно од Турција кон словенската држава. Поради стратешки причини кои се поклопуваат со оние на Кина, оваа опција ќе биде појасна за кратко, но најверојатно Русија ќе се одлучи на варијанта која на Мосвка ќе и обезбеди подобрена позиција со партнерите во Атина.

Ова во одредена смисла е иронично, имајќи ја во предвид одлуката на Русија за започнување на проектот Турски/Балкански поток, како реакција на отфрлањето на планот за Јужен поток кој требаше да минува низ Бугарија, но и понатаму по се изгледа дека Москва е спремна повеќе да и верува на Софија отколку на Скопје, а сето тоа во светло на темната иднина која и се заканува на Република Македонија. Растечките изгледи дека Македонија повеќе нема да биде дел од Балканскиот поток, е последната трилатералка помеѓу Бугарија, Грција и Србија каде сите три држави се согласија да ја зголемат нивната енергетска соработка, што очигледно се однесува на Балканскиот поток во сегашниот контекст.

Не е само Русија онаа која планира да го пренасочи Балканскиот мегапроект од Македонија, туку на тоа размислува и Кина, која иницијални имаше план да изгради брза железница низ земјата, која треба да ги поврзе грчкото пристниште во Пиреа со Будимпешта и понатаму. Наместо тоа, сепак, Кина размислува да ја промени насоката, и наместо низ Македонија брзата железница да поминува низ Бугарија, наместо да ризикува понатамошни потреси кои може да експлодираат во Македонија. Оваа идеја не доаѓа од никаде, туку е базирана на неодамнешниот развој на односите помеѓу Грција и Бугарија кои се договорија да изградат железница вредна неколку милијарди „МореДоМоре“, која треба да ја следи трасата на рускиот гасовод. Ова покажува дека можеби има подлабоко ниво на координација помеѓу Русија, Кина, и нивните релевантни Балкански партнери.

Уште еден фактор кој треба да се земе предвид, е дека Заев е исклучително непријателски настроен кон Кинезите особено по неговата инсталација на власт, што дури и ги запре двата проекти за изградба на автопати финансирани од Пекинг како јасен знак на непријателство кон Кина, и сето тоа во корист на неговите Американски поддржувачи. Кинезите се доволно мудри да знаат дека лидерите си доаѓаат и одат, особено оние кои се поставени на власт преку „уставен-изборен пуч“, но Пекинг можеби ќе размисли два пати имајќи ја во предвид Македонската политичка стабилност, токму онака како што тоа го прави и Москва и да донесе одлука за ризикување на финансискиот и транспортен трошок за пренасочување на нивниот мегапроект.

 

По многу фактори геостратешката ситуација не изгледа ветувачки за Македонија, а Русија и Кина веќе се заинтересирани за алтернативни рути за нивните мултиполарни Балкански мегапроекти, планови кои се многу посериозни отколку некоја инстантна реакција на инсталирањето на Заев. аместо тоа, овие големи сили сигнализираат дека очекуваат Македонија да влезе во проогнирана политичка криза, или во најдобар случај, да бидат држени под уцена, како Дамоклов меч над нивнте глави од Албанска хибридна војна која се заканува на секој Македонец и било кој нивен меѓународен партнер.

Поради оваа причина, изгледа неверојатно дека Русија ќе ја вклучи Македонија во плановите за Балкански поток, а постои и шанса Кина да се чувствува исто, имајќи во предвид како Грција и Бугарија се договараат за нова железница. Зајакнувањето на Грко-Бугарското стратешко партнерство е дизајнирано да ги направи двете земји незаменливи за Русија и Кина и нивната потреба за влез во Србија, Балканската пивот држава, и ова е дополнителен фактор за двете големи сили да ја разгледуаат можноста за избегнување на несигурната ситуација во Македонија во годините кои доаѓаат.

Ништо од ова, сепак, немаше да биде возможно ако Заев не работеше со САД за нелегално да ја превземе власта во неговата земја, и да ја однесе Македонија надолу кон радикалниот пат за дефакто внатрешна поделба, која комбинирана со владината капитулација на демографските потреби, е причината поради која Русија и Кина се неодлучни нивните Балкански мегапроекти да транзитираат низ таа земја. Не само што Заев и наштети на Македонија и нејзините стратешки интереси, но тој исто така ги продаде и националните интереси на Бугарија преку потпишувањето на неодамнешниот договор,  со кој што изгледа дека тој е на работ да го предаде и самиот идентитет на неговиот народ, нешто за кое што многумина сметаат дека е веќе договорена работа позади кулисите со Грција.

 

За жал, Заев ги зближи најголемите ривали на негоата земја да се здружат заедно во нешто што наскоро ќе се претвори во Грко-Бугарски камен темелник за Руските и Кинеските мултиполарни копнени патишта кон Европа, со што се закнува опасност Македонија да се претвори во геостратешко слепо црево во Мултиполарниот свет.

 

Пишува:
Андреј Корибко
ОриенталРивју.орг

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This