МАКЕДОНИЈА ВЕЌЕ НЕ Е ЗAKAHA ЗА ГРЦИЈА: Британската државна телевизија ја претстави Македонија како зaкaна, а Грција како жртва!

Поврзано

- Advertisement -

„Македонија е област која отсекогаш постоела на северниот дел од Грција, каде што се наоѓа и Солун, вториот по голенина град во Грција. Во 1991 година, по распадот на Југославија, од никаде изникнува една нова нација која со своето име и со своите постапки дирекно го загрози територијалниот интегритет и историското наследство на Александар Македонски со кое Грците толку многу се гордеат“

- Advertisement -

Вака започнува текстот на „Би-Би-Си“ за актуелните настани во Грција. Понатаму во текстот Грција е претставена како жртва која ги користи сите правни средства вклучително и помош од меѓународната заедница да ја отстрани директната „закана“ од новиот сосед. Македонија пак од друга страна е претставена како тврдоглава земја, која малку по малку се обидува да си ја препише грчката историја како своја. Текстот го завршуваат со конечното вразумување на македонските власти и потпишување на Преспанскиот договор со кој се откажуваат од сѐ она што е всушност историско наследство на Грците.

По една ваква анализа на еден медиум од финансиран од Британската Влада, ни останува да се запрашаме дали воопшто имавме било какви шанси овој спор да заврши во наша корист. Се чини дека страните одамна беа завземени, целта одамна беше поставена и само се чекаше на поволна политичка клима во Македонија за да се дојде до разрешница.
Таквата клима ја донесе политичарот кој се самопрогласи за „црпнат од Господа“ од нивите Муртински, Зоран Заев, кој без око да му трепне стави параф на договорот со кој се укинува Република Македонија, онаква каква што досега ја знаевме.
Или, како што рече Алексис Ципрас во својот триумфален говор по гласањето во Грчкиот парламент, од утре се раѓа нова држава, нов северен сосед на Грција – Северна Македонија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This