April 19, 2024, 12:49 am

Македонија влегува во фokycoт на Џо Бајден

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Западниот Балкан е еден од регионите – заедно со Кина, Русија, Белорусија и Украина – за кои Американскиот претседател Џо Бајден и Европскиот комесар Урсула вон дер Лајен се согласија да се координираат за време на телефонскиот разговор помеѓу давајцата одржан минатата недела.

Девет земји-членки на ЕУ го повикаа главниот дипломат на ЕУ, Јозеф Борел, на стратешка дискусија за земјите од Западен Балкан и нивните изгледи во пресрет на средбата на министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ кој треба да се одржи во Април, пренесува „Еуроактив“.

„Веруваме дека е крајно време да погледнеме стратешки на Западен Балкан“, напишаа министрите за надворешни работи на Австрија, Хрватска, Чешка, Германија, Грција, Ирска, Романија, Словачка и Словенија.

Во писмото, испратено на 5.март се нотира дека во меѓувреме „многу работи се променети“ од последната дискусија за проширување на ЕУ во август 2019, особено поради „динамичните внатрешни политички случувања во земјите од регионот“.

Процесот на проширување се чини дека доби нова инерција минатата пролет кога Македонија и Албанија добија зелено светло од ЕУ за почеток на пристапните преговори. Сепак, процесот наиде на нов камен на сопнување откако Бугарија стави вето на Македонските преговори кои требаше да се одржат во текот на минатата есен поради „разлики во толкувањето на историјата и јазикот“.

Ветото на Бугарија го блокираше и отпочнувањето на пристапните преговори за Албанија, бидејќи земјите членки на ЕУ го гледаат зачленувањето на Скопје и Тирана во унијата како „пакет“. Недостатокот на конкретен прогрес пак, пренесува „Еуроактив“ доаѓа по вина на земјите од Западна Европа, особено Франција, која пак гледа скептично на процесот на прошриување на ЕУ, особено во пресрет на претседателските избори во 2022.

Иако ЕУ е најголем трговски партнер на Западен Балкан, обидите да се приближи регионот кон Унијата е успорен поради барањата за реформи, но и поради одбивноста на земјите кандидати (Македонија и Албанија) да ги имплементираат реформите.

„Пандемијата само ги нагласи веќе постоечките трендови, вклучително и геополитичките импликации. Други актери веќе се подготвени да се наметнат во регионалните политики, најчесто на наша сметка“, се вели во писмото потпишано од МНР на деветте земји членки на ЕУ, во делот во кој се критикува неуспешноста на блокот да обезбеди помош за земјите од регионот во рамки на борбата со КОВИД19.

Земјите од Западен Балкан, Албанија, Босна, Косово, Црна Гора, Македонија и Србија – 20 милиони жители – се уште се борат да добијат пристап до вакцини за КОВИД19 од различни компании, што пак значи дека овие земји значително ќе заостануваат позади планот на ЕУ за формирање на општ имунитет преку брза и масовна имунизација.

„Иако ЕУ мобилизираше големи суми за поддршка на регионот, други актери беа поефикасни во обезбедувањето на поддршка со што беше нарушена нашата одговорност, кредибилитет и перцепција за нашата солидарност“ – се додава во писмото на деветте министри за надворешни работи на земјите членки на ЕУ.

Хрватскиот МНР во посебна изјава испратена до „Еуроактив“ вели дека „обезбедувањето на соодветен одговор за регионот е важно за кредибилитетот на ЕУ, како свој најважен партнер“. Во изјавата се акцентира и потребата за „помош за Босна и Херцеговина поради подобрување на нејзината стабилност и функционалност“.

Критичарите на ЕУ подолго време тврдат дека стратегијата на Кина наречена „дипломатија на маски и вакцини“ е насочена кон изградба на нови мостови за влијание во Западен Балкан во време на влошена кооперативност помеѓу Вашингтон и Брисел.

„Како ЕУ, треба да му пристапиме на регионот не само низ призма на проширување но исто така и низ призмата на водење на конструктивна надворешна политика“, се вели во писмото на деветте министри, додавајќи дека ЕУ треба да размисли „како да одговори на внатрешните случувања во земјите и се поактивното учество на трети фактори“.

Министрите за надворешни работи на деветте земји членки, исто така нотираат дека под Џо Бајден, „САД се подготвува за нов ангажман во регионот“, и потенцираат дека „работењето со нив рамо до рамо, бара од нас (ЕУ), да имаме заднички став“.

Претходната американска администрација на Трамп, обезбеди пакт за нормализирање на еконмските односи помеѓу Косово и Србија, без значително вклучување на ЕУ во тој процес.

Претставниците на официјален Брисел сега се надеваат дека „трансатлантскиот ресет“ ќе помогне во оживувањето на дијалогот ЕУ-Белград-Приштина, кој пак е услов за двете земји да ги продолжат своите Европски перспективи.

Западниот Балкан е еден од регионите – заедно со Кина, Русија, Белорусија и Украина – за кои Американскиот претседател Џо Бајден и Европскиот комесар Урсула вон дер Лајен се согласија да се координираат за време на телефонскиот разговор помеѓу давајцата одржан минатата недела.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This