Македонија воведе caнkции кон Белорусија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Седум европски држави кои не се членки на ЕУ се придружија на санкциите на Европската Унијата против Белорусија, како одговор на бруталното задушување на продемократските протести по оспорените претседателски избори во земјата во август.

Шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел, соопшти дека на санкциите се придружиле земјите-кандидати Македонија, Црна Гора и Албанија, како и Исланд, Лихтенштајн, Норвешка и Украина.

Лукашенко, кој владее со Белорусија скоро 26 години, се соочува со речиси секојдневни протести за негова оставка по изборите од 9 август, кои опозицијата ги смета за наместени, а Западот одби да ги признае. Неколку демонстранти беа убиени во бруталното задушување на протестите, откако власта прогласи убедлива победа на Лукашенко на изборите.

ЕУ воведе забрана за визи и замрзнување средства за Лукашенко и повеќе од 50 високи функционери поради нивното учество во задушувањето на протестите. Поради тоа што репресијата не прекина, Борел вчера соопшти дека министрите за надворешни работи на земјите-членки се согласиле санкциите да вклучат и „институции, бизнисмени и фирми“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This