April 25, 2024, 10:43 am

МАКЕДОНИЈА ВОДИ : На самиот старт на вториот дел, Пандев и Елмас изрежираа феноменална акција

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонската фудбалска репрезентација одигра динамично прво полувреме против Словенија, а на крајот незаслужно остана без водство на паузата, бидејќи во самата завршница на првиот дел, бевме сведоци на една специфичкна ситуација која ги разлути фудаблските фанови во Скопје.

Најконтроверзното офсајд правило ни направи проблем во дадената ситуација, бидејќи Николов кој беше во офсајд и кој немаше никаков контакт со топката, се најде на патот пред топката да заврши во голот. Елиф Елмас со одмерен удар не му даде никаква шанса на Јан Облак, а иако словенечкиот голман во никој случај немаше да може да го одбрани ударот, главниот судија по препорака на својот помошник одлучи да го поништи голот.

Од неодамна, препорака на ФИФА е да се поништуваат головите во кои последниот играч му попречува на голманот да ја гледа топката, а дали тоа беше случај во дадената ситуација, проценете од бесната реакција на нашите фудбалери….

Сепак, на самиот старт на вториот дел, Пандев и Елмас изрежираа феноменална акција, по која помладиот изрежира лоб мајсторија за водство од 1:0.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This