МАКЕДОНИЈА ВО ОСМИНАФИНАЛЕ: Словенија одигра нерешено со Тунис и ја внесе Македонија во осминафинале!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По победите над Ангола, Исланд и Македонија, репрезентацијата на Словенија ремизираше со Тунис со конечни 28-28. Тунижаните не успеа да се изборат за можност да играат во осминафинале, а за тоа требаше да победат на овој дуел.
tunis_rakome
До 4:4 се играше гол за гол, пред Тунис преку Теж и Санаи да стигне до предност од 4:6, но младиот Ник Хенигман беше инспиратор на серијата од четири голови за Словенија и водство од 8:6. Разликата од два гола беше одржувана и во следниот период, па беше 9:7, 10:8, пред Санаи да израмни на 10:10. Тогаш Исам Теж заработи црвен картон откако грубо стартуваше над Зарабец и Словенија повторно ја врати предноста од два разлика, 12:10, па 13:11, а беше и 14:12. Мацковшек ги постави првите три голови предност во 27та минута (15-12), а до крајот на првиот дел Тунижаните имаа шанса да намалат на само гол, но пречката и овозможи на Словенија да замина на полувреме со резултат 15-13.

Почетокот на вториот дел понуди нови возбудувања откако Тунис го изедначи резултатот на 15-15, а драмата продолжи и во наредните минути откако Тунис преку Туми го превзема водството за 16-17. Затоа Вујовиќ во игра мораше да го внесе Јуре Доленец. Ниту тоа не им помогна на Словенците, во средината на вториот дел со одлична игра во одбраната Тунижаните успеаа да дојдат до изненадувачки +3 (20-23 45′) и да ја натераат словенечката клупа да го побара првиот тајм-аут во вториот дел. Но тоа не смени многу, Тунижаните бодрени од своите верни поддржувачи во спортската сала во Мец, на 10 минути до крај на натпреварот имаа високи четири голови предност, 22-26. А шокираните Словенци не можеа да го фатат својот ритам ниту со седум играчи во поле. Затоа Тунис на пет минути до крајот на дуелот создаде капитална предност од пет погодоци за 23-28. Последните моменти од натпреварот беа навистина возбудливи и неизвесни откако избраниците на Вујовиќ дојдоа до само два гола негатива. Зарабец од пенал линијата гивнесе двете екипи на гол негатива, а во последниот напад Тунис најискусниот не успеа да го најде патот до голот. Со фантастичен погодок од цепелин Јанц ги реши сите дилеми и со нерешени 28-28 го заврши овој дуел

Кавтичник беше предводник на нападот на Словенија со 7 голови, додека Јанц го следеше со 5. Кај Тунис Санаи имаше 8 голови , додека Банур постигна 5.

 

Извор:
24rakomet.mk

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This