МАКЕДОНИЈА ВО ЧЕЛУСТИТЕ НА ЅВЕРОТ: Факти за договорот од Преспа, дали чекор по чекор се остварува грчката Мегали идеја?!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Од ден на ден, се погласни се најавите и изјвавите од грчка страна за некаква си тесна воена соработка со како што велат она на ,,С” . Македонските граѓаните се видно изненадени и вознемирени од ваквите најави, со оглед на фактот што не е заборавена онаа старата ,,не им верувај на Данајците ниту кога носат дарови”. Вековното македонско име и нашиот непобитен идентитет кој што е различен од Српски, Бугарскиот и Грчкиот се само врвот на сантата мраз која најголемиот дел од својот обем го крие под морето, море од шпекулации, лаги и манипулации, на оние кои за туѓи бели дворови, нам ни ископаа црни гробови.

Идентитетот не можат да ти го земат ниту дадат, тоа е нешто со кое што се раѓаш и умираш, нешто кое го наследуваш од твоите мајка и татко, но и го градиш додека си жив и ако даде Господ, стануваш изградена личност со јасен став. Па така ниту целта на оваа капитулација не е толку очигледна како што во даден момент навидум изгледа. Имено грчката држава има своја национална стратегија за погрчување на Македонците, статегија постара  и од Крушевската Република и ова стратегија ќе трае се до конечниот момент на остварување на овој нивен вековен стремеж.

Веројатни и Вие како и јас, како и секој еден здраворазумен Македонец, можете да го забележите задоволството кај грчката страна од Преспанскиот договор, но дали приметивте нешто многу посуптилно. Претходниот наметнат славомакедонски идентитет, сега стана славофонски, во превод Словените кои се декларираа како Македонци, станаа грчки Македонци кои едноставно говорот јазик кој припаѓа на словенската група на јазици. Тоа значи дека крајната премиса на грчката држава не е уништување на македонскиот идентите туку негово целосно претопување во грчкиот субстрат, нешто што е многу по итро и за жал многу поподмолно.

Да се потсетиме дека не така одамна првите најави во грчките медиуми кога стануваше збор за конечно решение на проблемот со името се движеа во една запрепастувачка насока, а тоа е формирање на мека федерација, налик она што требала да биде Југославија по отцепувањето на Хрватска и Словенија. Најавите за мека федеративна Југославија никогаш не се остварија, но дали она на ,,С” нечујно и без ука и бука стана дел од грчката Мегали идеја.

Федерацијата помеѓу Грција и Македонија како идеја постои уште многу одамна, може да се каже дека таа идеја постои од 9 септември 1991 ако не и години или пак децении пред осамостојувањето на Македонија. Сите се сеќаваме на грчките разузнавачи кои гостуваа по македонски медиуми кои на македонската јавност и ги потврдија ваквите шпекулации, а интересно е што овие гласини или пак демони од минатото се појавија токму во моментот кога се наговестуваше ,,конечното решение” (Endlösung der Judenfrage, Final solution) за македонското прашање. Мала дигресија дека не за џабе правам споредба на македонското и еврејското прашање, бидејќи само за овие два народи во светот постоело конечно решение.

Овие најави беа навидум заборавени, но по објавите дека грчки авиони ќе го чуваат македонското небо, како и најавите за некаква си грчка помош за трансформација на македонската армија, едноставно прават човек да се замисли, дали де факто со 81 пратеник во Собранието, не се изгласа само промена на идентитетот, јазикот, историјата и вековното македонско име туку она на ,,С” влезе во Федерација со она на ,,Х”, ,,Г” , ,,М” и која си не буква од алфабетата со оглед на големиот диапазон на имиња за јужниот сосед.

Доколку го прочитате членот 12 и  првите три става, ќе забележите еден многу ,,интересен” детал, односно таканаречениот ,,Совет за соработка на виоско ниво”, овој Совет доколку во теорија профункционира ќе биде еден вид на над државна извршна власт која ќе донесува одлуки кои подоцна ќе бидат спроведени од владите на како што се вели двете страни. Овој Совет ќе го предводат двата премиери и покрај надлегдувачката функција за тоа дали се спроведува договорот, ќе служат и за надгледување на некаков си акциски план кој колку што знам се уште не е објавен и многу штуро објасненото подобрување на билатералните односи.

1.Страните се согласуваат да ги зајакнат и натаму да ги развиваат своите билатерални политички односи, преку редовни посети, состаноци и консултации на високо политичко и дипломатско ниво.

2.Страните ќе формираат Совет за соработка на високо ниво (ССВН), кој ќе го сочинуваат претставници на нивните влади, заеднички предводен од нивните премиери.

3.ССВН ќе се состанува најмалку еднаш годишно и ќе биде надлежно тело за правилно и делотворно спроведување на оваа спогодба и акцискиот план кој ќе произлезе од истата. ССВН ќе донесува одлуки и ќе промовира активности и мерки за подобрување и надградување на билатералната соработка меѓу двете Страни и ќе разгледува какви било прашања кои може да произлезат во текот на спроведувањето на оваа спогодба и акцискиот план што ќе произлезе од истата, а со цел решавање на таквите прашања.

Со други зборови овој член и овие три став даваат одвразни раце премиерот на Грција која како држава е многукратно помоќна од Македонија да влијае или може и да се каже директно да ја контролира извршната власт во Македонија, Владата на она на ,,С”! Еден збор на ,,С” за жал се замени со друг на истатат буква, суверенитетот го дадовме за Северна. Дали ова значни дека Македонија стана дел од Федерација со Грција само времето ќе покаже?!

 

 

Пишува:
Милош Милошевски

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This