МАКЕДОНИЈА ВРАТЕНА ВО МРАЧНИТЕ ВРЕМИЊА ОД 90-ТЕ: Криминал, рекет, бомби, убиства по улиците како во мрачните времиња на 90-те!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Со доаѓањето на СДС на власт, на улиците се вратија криминалните банди, кои спроведуваат терор и вршат насилство врз граѓаните. СДС ја враќа Македонија во времето на своето владеење во 90-тите години од минатиот век, кога голем број на неразјаснети убиства, запалени автомобили и куќи, криминали за кои никогаш не се открија сторителите, истакна Оливер Андонов од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција.

-Според податоците објавени во медиумите можеме да забележиме дека само за неколку дена опожарени се две возила, извршено е разбојничка кражба во аптека на прометна улица среде Скопје, во скопски Карпош, имаме и убиство во обид, а секако потребно е да ги споменеме изборните инциденти каде имаме физички напад со тешки телесни повреди пукнат череп на градоначалник, застрелан носител на советничка листа и шеф на штаб, како и политички активисти па дури и случајни минувачи, десетина искршени штабови и редица други кривични дела, за кои на Оливер Спасовски око не му трепнува да ги разјасни, вели тој.

Андонов истакнува дека полициските билтени секојдневно се полни со случаи од типот на: фрлени бомби во семејни дворови и вооружени напади, а заканите врз поединци не можат ниту да се добројат.

-Истите оние кои се ослободуваат од издржување на затворски казни се оние кои предничат во инцидентите. За само кус период ослободени и на улица се најдоа озогласени криминалци, дилери на дрога, финансиски измамници и лихвари, луѓе од скопското подземје. СДС сакаат да владеат со страв затоа што самите тие свесни за узурпираната волја на граѓаните се преплашени. За жал, полицијата под контрола на Спасовски е нем сведок на целиот криминал кој се случува низ целата државата. Во одредени случаи онаму каде е силна партиската контрола на СДС врз криминалните групи таа станува и соучесник во извршувањето на кривичните дела. Улиците не се безбедни. Како ВМРО-ДПМНЕ секој ден добиваме поплаки за изрекетирани продавници, кафулиња, дискотеки, приватни фирми, нагласува Андонов.

Андонов посочува дека вандализмот, заканите и притисокот стануваат заштитен знак на владеењето на СДС. СДС создава атмосфера во која веќе никој не е безбеден.

-Власта е активен учесник во тоа безредие. Не може да се гарантира мир, лична и јавна безбедност кога криминалци се ослободуваат. Не може да има мир и сигурност на граѓаните и државата кога праведните се носат во притвор, а озогласени и осудени криминалци се на улица. Граѓаните не сакаат вандализам, граѓаните не сакаат безредие. Спасовски како експонент на политиката на СДС е предводник на тоа безредие. СДС владее во хаос и продуцира хаос и беззаконие, без разлика дали е во опозиција или на власт, а особено доколку таа власт е узурпирана и спротивна на волјата на народот. СДС е хаос и функционира хаотично на штета на граѓаните и државата. Тоа е препознатливата политичка и прагматична матрица која го карактеризира СДС ориентирана кон предизвикување хаос, а со цел покривање на сопствените им криминалните дејанија, неработење, незаинтересираност за државата за личната и јавната сигурност на граѓаните и тотална неспособност. Граѓаните ќе го казнат СДС се сиот хаос во кој ја втурнаа државата. На 15-ти октомври граѓаните ќе го кажат својот збор и ќе го казнат СДС за неспособното и хаотично владеење во последните 4 месеци, вели Андонов.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This