МАКЕДОНИЈА ГО ГУБИ И „ТУРСКИ ТЕК“: Гаспром ја разгледува можноста гасоводот да го пренасочи кон Бугарија и Србија или Грција – Италија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Гаспром ја зголеми цената на Турски тек до седум милијарди евра, каде во прва фаза ќе го финансира проектот од својот буџет, а потоа можно е издавање на обврзници, изјавил заменик претседателот на управниот одбор Андреј Круглов

„претходно рековме дека цената на изградбата може да биде околу шест милијарди долари. Сега проценуваме дека ќе биде околу седум милијарди“, вели Круглов.

„Исто така, не ја исклучуваме можноста за финансирање на проектот, но сакам да кажам дека на основа на моменталнста ситуација и реалноста во која живееме и работиме, најверојатно дека Турски тек на почетокот ќе биде финансиран од буџетот на Гаспром, а подоцна во вид на издавање на проектни обврзници, како што беше случај со Северен тек“, додава тој.

До 1.фебруари Гаспром изгради повеќе од 800 километри од морскиот дел.

Гаспром на 7.мај 2017. година запчна со изградба на морскиот дел на гасоводот Турски тек. Инвестицијата на Гаспром во проектот во 2017. година изнесуваше 92.8 милијарди рубљи. Пред тоа, компанијата објави дека Гаспром во 2018.година планира да ја дуплира инвестицијата во изградбата на Турски тек во однос на претходната година до 182.4 милијарди рубљи.

Проектот „Турски тек“ подразбира изградба на гасовод кој се состои од две линии со капацитет од 15.75 милијарди кубни метри гас. Првата линија е намената за испорака на гас на турските потрошувачи и планирано е да се пушти во употреба во март 2018. година. Другата е наменета за снабдување на гас на земјите од јужна и југоисточна Европа (период за пуштање во употреба – 2019).

Гаспром ја разгледува опцијата за менување на рутата преку Бугарија и Србија, или преку Грција и Италија, со што Македонија отпаѓа од проектот.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This