April 24, 2024, 10:51 am

МАКЕДОНИЈА ДОБИ НОВ РУСКИ АМБАСАДОР: Путин го назначи Сергеј Баздникин за нов амбасадор на Русија во Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Рускиот претседател Владимир Путин го назначи Сергеј Баздникин за амбасадор во Република Македонија, јави ТАСС.

Од кабинетот на рускиот претседател Путин соопштија дека тој го именуваше Баздникин за нов амбасадор на Русија во Македонија, пренесува Спутник Србија.

Указот за назначување на новиот амбасадор беше објавен заедно со друг указ, со кој Путин го ослободува од должност досегашниот амбасадор Олег Шчербак, кој на таа функција беше од 2010 година.

Сергеј Баздникин е поранешен заменик на началникот на Департментот за планирање на Министерството за надворешни работи на Русија.

– Се именува Сергеј Александрович Баздникин за нов амбасадор на Русија во Република македонија, се наведува во указот на Путин.

Не се посочува причината за смена на амбасадорот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This