April 26, 2024, 10:58 pm

МАКЕДОНИЈА ДОБИ ОД НАТО, ИСТО ШТО И ВО 2008-ТА: И тогаш и сега добивме ист услов – промена на името, па потоа членство!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостувањето во емисијата „Јади Бурек“ на ТВ Сонце рече дека на Самитот на НАТО се случи истото што се случи и во 2008. Година

-Погледнете го заклучкото од 2008. и сега. Велат „решето го спорот со Грција, сменете го Уставот, сменете го името“, посочи Мицкоски, потенцирајќи дека Македонија се уште нема добиено покана за влез во НАТО, туку оти ќе добие кога Договорот со Грција ќе влезе во сила.

Вели дека заклучоците се исти, само што сега позициите на Република Македонија се распаднати.

-Ќе треба време да се санираат овие позиции. Тоа е разликата меѓу 2008. и 2018. Нема никаква суштинска разлика, споредете ја 2008., споредете ја 2018., ќе видите дека нема никаква разлика. Истото е и со отпочнувањето на т.н. договори со Европската унија. Добивме датум дека ќе добиеме датум, појаснува Мицкоски.

Потенцира дека догодина во јуни ќе се направи ревизија на напредокот на Република Македонија во четири клучни области, покрај условот за спорот со Грција, и тогаш Европската комисија ќе ја разгледа можноста за доделување датум. Според него, тоа најрано би можело да почне декември 2019. година.

-Ние добивме двоен датум. Едниот е на пократок рок, другиот е на подолг рок, до јуни, рече Мицкоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This