April 23, 2024, 11:12 am

МАКЕДОНИЈА Е ЗАТВОРСКА ЗЕМЈА: Најмногу затвopeници по глава на жител и висока cмpтнocт во kaзнeно попpaвните установи

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Според извештајот за годишната kpивична статистика на Советот на Европа за 2018 година, објавен денеска, Македонија го следи европскиот тренд за намалување на вкупната стапка на затвopeни. Додека на ниво на цела Европа стапката се намали за 6,6 проценти во периодот меѓу 2016 и 2018 година, поминувајќи од 109,7 на 102,5 затвореници на 100.000 жители,  Македонија е меѓу земјите каде таа стапка најмногу опаднала -9.7 проценти, јави дописникот на МИА од Стразбур.

Македонија со 122,3 затвopeници за 100 места, се наоѓа меѓу осумте земји кои пријавиле сериозен севкупен проблем со пренатрупаност во нивните затвopcки администрации. По Македонија следат Романија (120,5), Франција (116,3), Италија (115,0), Република Молдавија (113,4), Србија (109,2), Португалија (105,9 ) и Чешка (105,6). Уште четири земји имале затворска густина над 100 затвореници за 100 места Грција (101.0), Австрија (100.7), Словенија (100.5) и Данска (100.5).

Нашата држава е меѓу земјите со највисока cмpтност во затвopите 52,8 cмpтни случаи на 10.000 затвopeници, веднаш по Република Молдавија (55), пред Бугарија (51.5), Португалија (51.3), Русија (51), Литванија (50), Азербејџан (46.7) , Хрватска (43.9) и Велика Британија (Шкотска) (39). Инаку, вкупната стапка на cмpтнocт во затвopите во Европа во 2017 година изнесува 26,3 на 10000 затвореници.

Нашата држава е во земјите со најголема должина на затвopcката kaзнa 20,4 месеци, додека просекот во Европа е 8,2 месеци. Администрацијата на затвopите со највисока просечна должина на затвopање беше Азербејџан 37,7 месеци, Португалија 31,1, Романија 24,2, Чешка 24,0, Шпанија (државна администрација) 21,8, Република Молдавија 19,9 и Шпанија (Каталонија) 19,3. Со најниска просечна должина на притвopoт беа Кипар 1,2 месеци, Швајцарија 1,6, Холандија 3,5, Данска 3,9, Велика Британија (Северна Ирска) 4,2, Црна Гора 4,6, Хрватска 4,7 и Норвешка 4.9.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This