April 18, 2024, 11:57 pm

МАКЕДОНИЈА Е ПОД ЗАКАНА ОД АЛБАНСКИТЕ СЕЦЕСИОНИСТИ: Советникот за надворешна политика на САД повикува Трамп да го спречи проширувањето на НАТО!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Политичкиот аналитичар, бивш американски дипломат и советник за надворешна политика Џим Џатрас оценува дека дури и пред стапување на должност, новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп има златна прилика да пристапи од зборови на дела и да го запре пристапувањето на Црна Гора во НАТО

jatras_tram

Џатрас во својот текст објавен во американскиот весник „Кроникалс магазин“ кој се бави со анализа на пристапот на Црна Гора во НАТО, истакнува дека Алијансата нема потреба од „малечка корумпирана членка како Црна Гора“

„Нема подобар кандидат за демонстрација на Трамповата доктрина од случајот со Црна Гора“, наведува тој, додавајќи дека малата држава со едвај 600.000 граѓани (каде помалку од половина се идентификуваат како Црногорци) и не може да се нарече посебен народ.

Според зборовите на експертот, дури и соседна Албанија (друг неквалификуван, неодамнешен член на НАТО), со обзир на големината на БДП, едвај може да се нарече некоја сила. Тој потсетуа дека про-НАТО владата на Црна Гора тврди дека има мнозинство во корист на пристапувањето, но не сака да ризикува ова прашање да го постави на референдум. Според неговите зборови, единствениот вистински проблем во Црна Гора е интерен. „Упорна сепаратистичка побуна на албанското малцинство, која сака од Црна Гора да го одвои регионот Малесија во настојувањето за Голема Албанија, која го вклучува Косово, делови на јужна Србија и една третина од Македонија како и северот на Грција“.

Џатрас наведува дека, додека за Америка е важно „вратите на НАТО да бидат отворени“ состојбата во балканските држави, кои се интересна сфера на Алијансата, е исклучително лоша.

Аналитичарот наведува дека Босна и Херцеговина е синтетичка држава, која се одржува под надворешен надзор, тешко одржувајќи лабава рамнотежа помеѓу меѓусебно нестрпливите Муслимани, Срби и Хрвати, а дека Македонија се наоѓа пред закана од албанските сецесионисти. Во Србија и покрај прозападната влада солидно мнозинство на граѓаните е против НАТО, а Косово, српска покраина окупирана од НАТО е управувана од албанската мафија и трговци со човечки органи и дека е легло на активностите на ИСИС во Европа заедно со муслиманскиот дел на Босна, смета Џатрас. Ако Трамп навистина мисли да испочитува некој од предизборните ветувања, еден од првите чекори мора да биде спречувањето на ширењето на НАТО и конечно затворање на тие врати, заклучува аналитичарот.

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This