МАКЕДОНИЈА Е ПОД ПОЛИТИЧКА РЕПРЕСИЈА: Македонија ќе ја победи масовната политичка репресија на нелегитимната Влада!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Факт е дека во Македонија во моментов на дневна основа, секојдневно се случува политичка репресија, се случуваат упади во општините и се случуваат масовни притисоци и врз кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и врз гласачите и врз цели групи на граѓани, обвинува Владимир Ѓорчев, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

– Гледаме и сведоци сме дека само денес имаме директен атак и директен упад врз општините Вевчани, Крива Паланка и Берово. Последица на тоа е се поголем револт кај народот а причина за тоа е исплашеноста на СДС и Зоран Заев од поразот на локалните избори кои што им претстои. Револтот кој што го имаат граѓаните на Република Македонија, секојдневно е поголем. Истовремено нервозата и паниката која што валдее во СДС, секој ден е се поголема. Јасно е дека сме сведоци на политичка хајка, сведоци сме на репресија од државните ограни и сведоци сме на менаџирање на пораз кој што ќе се случи на  15-ти октомври. Владата нема легитимитет. Легитимитетот секој ден им паѓа, рејтингот секој ден им паѓа. Единствената вина на градоначалниците и општините и граѓаните кои што се под удар е што отворено и јасно се спротивставуваат на режимот на СДС, истакнува Ѓорчев.

Тој порачува дека досега ударите беа бројни низ цела Македонија, но, никого нема да уплашат.

-Досега удрија врз општина Прилеп, општина Неготино, општина Штип, Кавадарци, Велес, Македонски Брод, Ново Село. Претепуваат актуелни и градоначалници кои што исто така се сега кандидирани. Вперуваат пиштол во луѓе кои што се исто така во моментот кандидирани. За прв пат во независна Македонија имаме убиство на кандидат на избори. Вакви работи во Македонија никогаш немало. Никогаш немало недела дена пред избори упади во општини, репресија врз гласачи и репресија врз цели социјални групи. Никогаш немало ситуација каде што биле убивани кандидати или пак буквално на улица претепувани. Единствената „грешка“ единствениот грев на овие луѓе е што прифатиле и се нафатиле да се  спротивстават на нелегитимна, непопуларна и од народот осудена влада. За сето ова што го прават и наредбодавачите и извршителите на оваа политичка  репресија ќе има одговорност. Да внимаваат да ги следат законите. Во моментов се случува масовно беззаконие, со упадите во општините се случува масовна политичка и партиска репресија која што личи на 1948 година, но ова нема долго да трае. Напротив, ќе трае многу кратко и оваа влада ќе биде едноставно црна страница во македонската историја. Црна страница во македонската историја, но сепак граѓаните ќе победат. Граѓаните и народот не може да бидат поразени, играат на домашен терен  и тоа ќе се види на 15-ти октомври, истакна Ѓорчев.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This