МАКЕДОНИЈА Е СТАВЕНА НА ПРОДАЖБА: За Заев влезот во ЕУ значел повеќе пари за граѓаните

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ако бидеме примени во членство во НАТО, тоа значи стабилност за државата, а со влезот во ЕУ ќе добиеме повеќе пари за граѓаните. Тоа беше една од поентите на Зоран Заев во вчерашниот дуел со Христијан Мицковски. Пред 26 години во 1992 година, тогашниот австриски министер за надворешни работи Алојз Мок му понуди на Васил Тупурковски како специјален пратеник на претседателот Киро Глигоров, милијарда германски марки за да прифатиме некое име во кое ќе ја нема Македонија. Нешто во стилот Централна Балканска Република или слично.

Денес сумата не е милијарда марки или евра, но очигледно Заев не ставил за продажба за некој ситнеж, зашто да кажеш дека ќе го смениш името на државата за да добиеш некоја пара, горе – доле е рамно ан проституција.

Во 1992 година се крена врева во Скопје, а понудата бше одбиена како непристојна. Не можете да продавате нешто што не е ваше. Можете да се продадете самиот, но не можете да продавате два милиони луѓе.

Денес го слушаме сличниот аргумент. Да прифатиме некое решение што го нуди Заев зашто така ќе добиеме неко европ повеќе. Фактички, тоа што Владата на Заев не е способна да обезбеди економски ратсеж, сака да го компензира со пари од ЕУ кои ќе дојдат подесетина и повеќе години, а за сметка на тоа да оди курбан името Република Македонија. Треба ли на ова нешто да се додаде?

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This