МАКЕДОНИЈА ЗАГУБИЛА 200 ХЕКТАРИ ТЕРИТОРИЈА: Косово добило 200 хектари Македонска територија кај Шар Планина!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонија изгубила 200 хектари сопствена територија која преминала на контото на територијата на Косово, објави професорот по географија на ПМФ при Универзтитетот „Кирил и Методиј“, Ивица Милевски

 

Според неговите кажувања, Македонија загубила 200 хектари територија во делот на Враца на Шар Планина кои по демаркацијата отишле на конто на територијата на Косово.

Милевски објави и скенирана официјална мапа издадена од македонската Агенција за катастар на недвижности на која се гледа дека границата наместо по сртот на планината, е повлечена на македонска територија со што државата вештачки загубила 200 хектари.
“Ако знае некој во државава која линија е вистинската граница со Косово, во делот на Враца на Шар Планина, частам што било. Иако се обидував да добијам одговори од повеќе надлежни страни, дали границата оди по сртот како што е нормално или по вештачката линија (според катастарот на РМ) до кота 2044 м, до сега молк, нема одговор. Евентуално ако е некој договор за демаркација, па сме отстапиле околу 200 хектари од најубавиот дел на планината, а нема расположение јавно да се каже…
Секоја информација е добредојдена бидејќи ми треба за прецизни морфометриски истражувања на Шара…” – пишува професорот Милевски на својот ФБ профил.

Според едно од објаснувањата проблемот е стар уште од југословенско време а според друго, Македонија имала договор за компензации на територии со Косово за планираната хидроцентрала кај Луково Поле во замена за територија кај Танушевци но делот кај Враца никогаш не бил спорен – пишува порталот „Експрес.мк“

Границата првично е демаркирана уште во СФРЈ, а според некои проблемот потекнува уште од тогаш иако во катастарот се впишани новите мерења во текот на 2013 и 2014. година.

5 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This