April 26, 2024, 12:39 pm

МАКЕДОНИЈА ЗАД ТАНЗАНИЈА И ЗАМБИЈА: Македонија заедно со Етиопија, е зад Танзанија, Брегот на Слоновата Коска и Замбија според индексот на корупција!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Република Македонија бележи огромен пад од 17 места на индексот на корупција за 2017 година, кој го објави Транспаренси интернешенал. Нашата држава е далеку зад Замбија, Панама, Колумбија, Тајланд и Бразил кои го делат 96 место. Пред Република Македонија се наоѓаат и Танзанијана и Бахреин на 103 место, а 107 место го делиме со Етиопија. Освен нас на дното се Албанија и БИХ, но истите се далеку подобри од нас и го делат 91 место.

Власта на СДСМ и корупциските афери кои ја тресеа власта ја пласираа државата на дното во регионот, но и цела Европа. Имено Албанија, која се наоѓа на 91 место на индексот на корупција и е далеку пред Македонија е лидер во Европа за производство на марихуана. Познато место каде се одгледува марихуана е местото Лазарат, во јужна Албанија.

Некогашниот партнер со кого го делвме 104 место во далечната 2006 година, Свазиленд сега се наоѓа на далечното 85 место, заедно со Косово и Бенин.

Мароко е на 81 место на индексот на корупција, додека Тринидад и Тобаго на 77 место, место кое го дели со нашиот северен сосед, Србија на истото место е и Кина и Тунис.

По доаѓањето на СДСМ на власт, се почесто излегуваат во јавноста скандали од работењето на функционерите поставени од Зоран Заев.

Потсетуваме на мал дел од нив, со кои јасно се увидува дека „Транспаренси“ е во право кога ја сместува земјава меѓу најкорумпираните.

„Фероинвест“ на вицепремиерот Кочо Анѓушев добил тендер од 2.6 мил. евра во ЕЛЕМ

09.09.2017 Само 10 дена откако е назначен новиот генерален директор на ЕЛЕМ, Драган Миновски, на својот претпоставен во Владата, вицепремиерот Кочо Анѓушев, му доделил тендер на фирмата „Фероинвест“, која ја основа токму Анѓушев и од која само козметички се повлече од местото управител. Вредноста на доделениот тендер изнесува 165 милиони денари со ДДВ или 2.6 милиони евра.

Објавени документи дека Шекеринска местела тендер за Пуцко петрол

19.12.2017 Нов скандал се поврзува со актуелната власт на Зоран Заев и Министерството за одбрана, каде министерка е Радмила Шекеринска. Компанијата „Пуцко петро” ДООЕл од село Пласница го добила тендерот за на мазут.

„Пуцко петрол” го добил тендерот, иако според Републичката комисија за енергетика не ги исполнувал основните услови за учество на овој тендер.

-По нашата преписка со МО и со РКЕ, од министерството денеска ни одговорија дека сега, по завршувањето на целата процедура околу тендерот, поднеле официјално барање до „Пуцко петрол” и до РКЕ за одговор на прашањето дали компанијата од Пласница има или нема лиценца за мазут, пишува МКД.мк .

Непотизмот е начин на владеење на СДСМ: Си вработуваат членови на семејствата и свои партиски послушници

15.02.2018 Фрчат огласи за вработување во државната и јавната администрација. Речиси и да не помине ден кога Владата предводена од СДСМ има распишано оглас за вработување.

Иако во предизборниот период ветуваа намалување на државната администрација и стопирање на сите вработувања, веќе 8 месеци како се на власт и покрај сите препораки од ЕУ дека администрацијата ни е превработена, сепак вработувањата никако да запрат.

Во таканаречениот план за итни реформски приоритети насловен како 3-6-9, СДСМ вети дека администрацијата ќе биде професионална, отчетна и непартиска се со цел да биде ставена во функција на граѓаните.

Емисијата„Проверено“ на 24 Вести, излезе со детална анализа за масовната партизација во владините институции. Таму обвинуваат и за непотизам и јасно предочуваат кој, каде и како вработувал.

Драги Рашковски не е единствениот од СДСМ кој си ги вработува своите најблиски. Така на пример градоначалнилката на Битола, Наташа Петровска си го вработи својот брат кој бил единствен пријавен на конкурсот за наставник во едно од училиштата. Во ова не заостанува ни нејзиниот партиски колега градоначалникот на Берово, Ѕвонко Пекевски каде речиси по истиот пример си ја вработи својата сопруга.

Ист таков пример ни доаѓа и од Неготино каде градоначалникот Тони Делков и таму си ја вработи својата сопруга. Во сите овие случаи како единствени кандидати за овие работи места се јавуваат брачните другари на градоначалниците.

Ова е класичен судир на интереси и се коси со законот за судир на интереси кои овие градоначалници на еден дрзок начин ги прекршуваат. Но ова е само капка во морето што го прават партиските функционери на СДСМ. Секојдневно се објавуваат огласи за високи позиции во државата без најосновните критериуми за тоа како некој треба да влезе на работа.

Емисијата “Проверено“ отркива фрапантни докази за паризираноста на администрацијата. Од кабинетот на вицепремиерот Кочо Анѓушев дури тројца вработени се во управни или надзорни одбори. Значи малку им е платата што ја добиваат од Владата како редовно вработени, па сега како докажани професионалци дополнително се “наградени“ со уште плус дополнителни приходи. Поранешната новинарка Марина Узунов, а сегашна вработена кај Анѓушев е дополнително вдомена во управниот одбор на ТИРЗ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This