МАКЕДОНИЈА ИЗВОЗНИК НА НЕЛЕГАЛНО OPУЖЈЕ: Македонија е земја на потекло и транзит за нелегално oгнeнo opужје!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Еврокомесарот за безбедност, Џулиан Кинг, синоќа ги брифираше европарламентарците за безбедносната состојба и соработка во земјите од Западен Балкан, пренесува „Магазин.мк“

Македонија испливува како важна земја на потекло, транзит и дестинација за нелегално огнено оружје, рече комесарот.

Безбедносната состојба во регионот е предизвик, но има и директен импакт врз нашата безбедност во ЕУ. Подобро е да извезуваме безбедност отколку да увезуваме нестабилност. – рече комесарот во својот воведен говор, истакнувајќи ја важноста од засилена соработка со земјите од регионот во делот на безбедноста.

Главните безбедносни предизвици за земјите од Западен Балкан се мрежите на организиран криминал. што, исто така, се присутни во ЕУ, трговијата со оружје, џихадизмот, но и кибернападите и стратешката дезинформација и пропаганда, најчесто со руско потекло или спонзорирана од Русија.

Македонија беше експлицитно спомената од страна на еврокомесарот како земја на потекло, транзит и дестинација за огнено оружје, иако проблемот е присутен речиси во сите земји од регионот како последица на војните од деведесетите, посебно Босна и Херцеговина, која има највисока стапка на огнено оружје по жител.

Огромен број муниција остана во јавен промет по војните, меѓу половина милион и 1.6 милиони домаќинства поседуваат огнено оружје, што доведе до големо зголемување на шверцот. – рече комесарот Кинг.

Истовремено министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска присуствуваше на меѓународната министерска конференција посветена на борбата против недозволената трговија со мало и лесно оружје во земјите од Западен Балкан.

Проблемот со неконтролираното ширење на малото и лесното оружје во последниве години се здоби со важност во меѓународните, регионалните и националните агенди бидејќи дополнителните глобални околности, особено во доменот на масовните миграции и видоизменувањето на терористичките концепти, ги мултиплицираа можните опасни последици од неконтролираната пролиферација на малото и лесно оружје.

Неретко сме сведоци дека овој вид незаконски и криминални активности може да претставува и еден од катализаторите кој што дополнително ги трансформира локалните инциденти во многу пошироки регионални и глобални настани. – изјави Спасовски за време на своето обраќање на конференцијата.

Спасовски нагласи дека примарно е заедничкото градење на стандарди за развој на ефективни системи за размена на информации и транспарентност, споделување на најдобри пракси, како и подигање на јавната свест преку спроведување соодветни програми.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This