МАКЕДОНИЈА ИЗУMИPA: Речиси сите региони со нeгaтивeн природен прираст на население

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во 2018 година се родиле 21666 деца или 88 помалку во однос на претходната година кога бројката на новородени деца е 21754, пренесува Канал 5/

Се намалува бројот на населението, загрижувачки се бројките во нашата земја предупредува поранешниот директор на заводот за статистика Дончо Герасимовски.

Од осум региони во земјава во пет имаме негативен природен прираст. Најзагрозени региони се источниот, пелагонискиот, вардарскиот и југоисточниот.

Најмногу опycтошен е источниот регион и тоа во сите 11 општини, од градовите населението се намалило во Берово, Делчево, Македонска Каменица , Кочани и др, а зголемен природен прираст има во Липково и Куманово

Иселувањето од град во село е иста така една од причините за опустошувањето на одредени општини , така на пример скопските населби Карпош и Кисела вода кои континурано имаа празнење на население, сега имаат позитивен тренд оти многу од внатрешноста на земјата се доселија во овие општини, а многу луѓе ја напуштија државата објаснува Герасимовски.

Герасимовски предлага владата да формира министерство кое ќе се бави со популацијата во земјата и ќе презема мерки за зголемување на природниот прираст во земјата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This