МАКЕДОНИЈА ИТА КОН ГРЧКО СЦЕНАРИО И БАНКРОТ: Владата денес ги задолжи граѓаните со 24 милиони евра, или вкупно 597 милиони евра!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Експертите се загрижени дека Македонија се задолжува со забрзувачко темпо а притоа парите не се вложуваат во проекти кои се од стратешко значење на државата и имаат долгорочен позитивен ефект на целокупната економија. Додатно, експетите и јавноста смета дека владата се однесува контрадикторно со изјавите кои ги даваше во време кога беше опозиција и сега кога е на власт.

Државата денес повторно ќе се задолжи. Владата предводена од Зоран Заев и Министерството за финансии со кое раководи Драган Тевдовски од СДСМ ги задолжуваат граѓаните за вртоглави суми на пари.

На официјалната страна на Министерството за финасии е закажано ново задолжување од речиси 24 милиони евра по основ на државни хартии од вредност.

Имено , на акуцијата се издаваат 15 годишни државни обврзници без девизна клаузула во вредност од 1.000.000.000 денари и 12 месечни државни записи без девизна клаузула во вредност од 475.000.000 денари или вкупно 23,9 милиони евра.

Владата на Република Македонија истиов месец се задолжи додатно по основ на државни хартии од вредност во износ од 73 милиони евра и издавање на еврообврзница која има вредност од пола милијарда евра. Вкупните задолжувања за само 22 дена од новата година изнесуваат скоро 597 милиони евра.

Новата влада на чело со СДСМ беше најголемиот критичар на задолжувањата пред да дојде на власт, но откако дојде на власт се задолжува со енормно темпо. Загрижувачки е фактот дека со оваа еврообврзница не се предвидени нови капитални инвестици освен оние од предходната власт на ВМРО- ДПМНЕ.

Експертите се загрижени дека Македонија се задолжува со забрзувачко темпо а притоа парите не се вложуваат во проекти кои се од стратешко значење на државата и имаат долгорочен позитивен ефект на целокупната економија. Додатно, експетите и јавноста смета дека владата се однесува контрадикторно со изјавите кои ги даваше во време кога беше опозиција и сега кога е на власт. Имено, владата на СДСМ тогашна опозиција беше најголем критичар на задолжувањата сметајќи дека новите задолжувања ја носат земјата во банкрот. А всушност она што ја доведува Македонија до банкрот се штетните економски политики на СДСМ.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This