April 25, 2024, 11:08 am

МАКЕДОНИЈА И ЛЕТОВО БЕЗ ПРЕПОРАКА ЗА ПРЕГОВОРИ СО ЕУ: Поразителна порака од француската министерка за европски прашања

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Француската министерка задолжена за европски прашања Натали Лоазо изјави дека на Европската Унија и е потребно да спроведе внатрешни реформи пред да може да прими нови членки, со што најави дека е Македонија и Албанија може да останат без препораката за отворање на преговори за членство која ја очекуваат летово. Според француската министерка, тоа што Македонија си го сменила името е позитивен развој на настаните кој Франција го поздравува, но не е доволно за отворање на преговорите со ЕУ.

Во изјава дадена во Србија, како и во интервју за новинската агенција МИА, Лоазо вели дека „е можно ,,С” Македонија да отвори преговори за членство само доколку сите критериуми се исполнети“, како и дека е „важно Европската Унија да спроведе реформи пред да може да прима нови членки“. Франција, заедно со Холандија, се противеше на отворањето на преговори со Македонија при минатогодишниот самит на ЕУ, а францускиот претседател Емаануел Макрон повеќе пати посочи дека сака ЕУ да се шири во длабочина, со повеќе интегрирање на постоечките членки, отколку во широчина со прием на нови членки.

– Проширувањето на ЕУ се одвива врз критериуми, реформите мора да продолжат во ,,С” Македонија, мора да има економски реформи и реформи во борбата против корупцијата и за владеење на правото. Ќе биде лоша услуга за ЕУ и за ,,С” Македонија, и за нашиет заеднички интереси, доколку нештата се одвиваат поинаку, вели Лоазо. Според неа, ќе мора да се покаже многу трпение и ЕУ да утврди дека реформите кои Македонија вели дека ги спровела не се само на хартија, туку дека се вистински спроведени. Таа го посочува долгиот застој во формирањето на Анти-Корупциската Комисија како пример за проблемите со кои се соочува земјата во спроведувањето на потребните реформи.

Лоазо одбива позитивно да одговори на директно прашање дали Македонија досега ги исполнува критериумите за отворање на преговори, и ги наведува и новоотворените прашања како што е непотизмот во вработувањето во јавната администрација како проблем со кој земјата се соочува.

– Останува уште малку време, а од ,,С” Македонија очекуваме да се спроведат многу неопходни реформи. Особено ќе внимаваме на усвојувањето на законот за антидискриминација, кој претставува обврска да се почитуваат европските права и вредности. Владата исто така мора да преземе мерки против непотизмот и корупцијата, вели Лоазо.

Во интервјуто со МИА, министерката Лоазо вели дека македонската министерка за одбрана Радмила Шекеринска изразила интерес македонски војници да учествуваат во воени мисии под команда на ЕУ. Лоазо вели дека ЕУ веќе е ангажирана во повеќе воени операции, особено во Африка, и дека Франција високо ја цени понудата на ,,С” Македонијa да учествува во овие воени операции.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This