МАКЕДОНИЈА КАКО ВО ВОЈНА: Загинати, раселени, бездомници – владата на СДС ја изгоре Македонија за дваесет дена!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Неспособноста на новата власт за само 20 дена нанесе големи штети за кои на државата ќе и треба многу долго време да ги исправи. Наместо животот кој беше ветуван добивме загинат човек во еден од неколкуте пожари кои избија низ цела Македонија, кои поради неработењето на новата Влада не беа на време локализирани – пишува Курир

 

Во моменти кога во Македонија се активни неколку пожари кои претставуваат директна закана за домовите и животите на луѓето во државата, премиерот Зоран Заев замина на одмор во Охрид, граѓаните се разочарани од негрижата и незаинтересираноста која новата Влада ја покажува кон нив. Тие се сеќаваат кога во Македонија во 2007 и 2008 година имаше силни пожари, тогаш цела Влада беше разделена по региони со цел да се помогне во гаснењето. Беше договорена и обезбедена целосна механизација, со помош и на други држави.

Граѓаните паметат и дека поради големите поплави кои ја зафатија Македонија пред точно една година, Емил Димитриев и Никола Груевски ги прекинаа одморите и се вратија во земјава, за директно на терен да помогнат во решавање на предизвиците.

 

Во моментите додека во неколку региони од државата имаше големи пожари, изгорени куќи, згаснат човечки живот, изгорени големи делови на шума, премиерот Заев и неговата Влада заседаваа за менување директори и именување на партиски кадри, додека граѓаните живеат во страв дека поради пожарите може да останат бездомници.

Неодговорноста на власта донесе и до човечки жртви. Пред неколку дена во селото Љуботен беше пронајдено изгорено човечко тело на нива. Од полицијата информираа дека е излезено на местото на настанот, пожарот бил изгаснат, а во меѓата откриено е било изгорено човечко тело.

 

Читатели на Курир кои живеат во опожарените региони се пожалија дека од Владата досега од државните институции не добиле никаква помош. Еден читател сведочеше дека во селото Могилец до темел биле изгорени 5 куќи. Тој обвини дека ДЗС по медиумите се фали дека ги евакуирала и се грижела за луѓето, но како што вели тоа е лага, луѓето веќе три дена се евакуирани во неговата куќата и се грижи за нив, а од државата никој нема прашано дали тие луѓе имаат храна и лекови.

 

Граѓаните и на социјалните мрежи се жалат од неодговорната работа на новата власт.

-До сега изгореа 5 куќи до темел во Могилец. Селаните се евакуираат сами а постарите чекаат роднините да ги извлечат. Повеќе не пишувам…све е џабе..нема Држава ни институции..Војскава нема вода…јадеа една конзерва. Прв оброк денес..1 конзерва…нека стои без пцовка…многу ми се наљутија…Вистината мене ме љути, пишува еден граѓанин на Фејсбук.


Граѓаните бараат од Владата и институциите да се фатат за работа и да им помогнат во обидот да си ги спасат животите и да не го изгубат се она што го имаат поради пожарите, кои поради несериозноста на новата власт не беа локализирани на време, а Владата и се уште нема свикано ниту кризен штаб.

 

9 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This